Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пијан со голема брзина на пешачки удрил во девојка која се здобила со скршеници, се бараат мерки на претпазливост
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Пијан со голема брзина на пешачки удрил во девојка која се здобила со скршеници, се бараат мерки на претпазливост
ХРОНИКА

Пијан со голема брзина на пешачки удрил во девојка која се здобила со скршеници, се бараат мерки на претпазливост

Објавено March 3, 2025 11:22
Сподели
Сподели

Мерки на претпазливост кои вклучуваат привремено одземање возачка дозвола и забрана за нејзино издавање, забрана за напуштање на живеалиштето или престојувалиштето, обврска на осомничениот да се јавува на одредено службено лице во судот, како и привремено одземање на патна исправа за преминување на државна граница предложи јавниот обвинител за 47-годишник против кого е поведена истрага затоа што постои основано сомнение дека сторил – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

На 2 март веднаш по полноќ, осомничениот учесник во сообраќајот на јавните патишта, управувал автомобил „Мерцедес“ по левата сообраќајна лента од ул.”Св Кирил и Методиј”. Но притоа не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај, така што свесно го довел во опасност животот и телото на луѓето. Возилото го управувал со алкохол од 1,35 промили, со брзина поголема од дозволената и не забавил и не запрел на обележаниот пешачки премин. Од тие причини, со предниот дел од возилото удрил во левата страна од телото на една оштетена која како пешак попречно го преминувала коловозот на пешачкиот премин. Од ударот жртвата се здобила со тешки телесни повреди – скршеница на долни екстремитети.

Мерките на претпазливост се предлагаат со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката и спречување од повторување на делото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Јаневска: Ги зголемивме платите на универзитетските професори за 14%, очекуваме заложба за поквалитетно образование на студентите
Следна Статија Татко во Србија возел со голема брзина и излетал од патот, загина бебе

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

МВР со детали: Грозданоски со раце го задушил Митрески

СВР Охрид информира дека поднеле кривична пријава против Жарко Грозданоски од тетовското село Брвеница, поради постоење основи на сомнение за…

March 28, 2026
ХРОНИКА

„Ќерка ми не ја зеде болеста, туку погрешната терапија, а ја лекуваше Нино Васев“, сведочење на мајката на починатата Адријана Начевска

Во Основниот кривичен суд Скопје, денеска, со сведоци на Основното јавно обвинителство продолжи судењето против поранешниот директор на Клиниката за…

September 10, 2025
ХРОНИКА

Пронајдениот труп во Штип е на Славе Димитриевски, штипјанец по кој се трагаше шест месеци

Телото на исчезнатиот Штипјанец Славе Димитриевски (86), по кого се трагаше од 14 август 2024, е пронајдениот труп при ископ…

February 23, 2025
ХРОНИКА

(ВИДЕО) Човек со нож се закануваше по Широк Сокак, полицијата го уапси

Млад човек со нож во рака денеска се закануваше и мавташе по Широк Сокак во Битола, по што полицијата потврди…

May 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?