Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се бараат 300 невработени да се грижат за стари, но и асистенти за деца за плата од 28.000 денари
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Се бараат 300 невработени да се грижат за стари, но и асистенти за деца за плата од 28.000 денари
ЕКОНОМИЈА

Се бараат 300 невработени да се грижат за стари, но и асистенти за деца за плата од 28.000 денари

Објавено July 24, 2025 14:21
Сподели
Сподели

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ја презентира новата мерка од оперативниот план за 2025 година – програмата „Општинско корисна работа“, со која се предвидува ангажман на 300 невработени лица за обезбедување социјални и здравствени услуги на локално ниво

Програмата не е наменета за комунални работи, туку за директна поддршка на ранливите категории граѓани вклучувајќи стари лица, лица со попреченост, како и деца од социјално загрозени семејства. Предвидените услуги опфаќаат дневна грижа, помош во домашни услови, поддршка за независно живеење, како и образовни и лични асистенти за деца.

Јавниот повик трае до 8 август 2025 година и е наменет за општините и за градот Скопје. Невработените што ќе бидат вклучени ќе добиваат бруто-надоместок од 28.000 денари месечно во период од 18 месеци, со тоа што првите шест месеци ќе бидат финансирани од државата, а преостанатите од локалната самоуправа.

Министерот Дурмиши информира и за зголемување на буџетот за активни мерки за вработување од 16,08 милиони евра на 23,57 милиони евра, како и за зголемениот опфат на корисници – за 815 нови лица во програмите за самовработување.

Со оваа програма не само што отвораме врати за нови вработувања туку градиме и посолидарно општество. Услугите што ќе ги добиваат ранливите категории се од суштинско значење за нивниот секојдневен живот, а истовремено невработените добиваат шанса за стабилен приход и професионален развој“, изјави министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Над 318.000 пензионери се оштетени со линеарно зголемување од 1.000 денари, вели Тренчевска
Следна Статија Ќерката на Ченто: Се гордеам со идеалите на татко ми

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Ивановски откри детали за договорите со Обединетото Кралство: Инвестиции во железничката инфраструктура во Македонија

Директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски, денес одржи прес-конференција на тема: „Проекти кои произлегуваат од договoрите со Обединетото Кралство”. -Покрај…

May 19, 2025
ЕКОНОМИЈА

Божиновска: Македонија гради енергетска иднина за сите

Македонија е подготвена за нов енергетски модел – праведен, транспарентен и социјално одговорен. Тоа беше пораката на денешниот настан на…

June 3, 2025
ЕКОНОМИЈА

Јапонска 40-годишна државна обврзница достигнува рекордни 4% по прв пат

Приносот на 40-годишната јапонска државна обврзница достигна 4%, највисоко ниво откако е воведена во 2007 година, што претставува историски момент…

January 21, 2026
ЕКОНОМИЈА

Вицегувернерката Нацевска: Со минимален сет податоци до полесни плаќања во евра преку СЕПА

„Со влезот на земјата во СЕПА, преносот на парични средства во евра дополнително ќе се поедностави и ќе се забрза,…

March 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?