Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се градат 26.000 нови станови, интересот не се намалува
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Се градат 26.000 нови станови, интересот не се намалува
Blog

Се градат 26.000 нови станови, интересот не се намалува

Објавено February 10, 2026 12:36
Сподели
Сподели

Во Регистарот на цени и закупнини, во периодот од октомври до декември 2025 година, на целата територија на државава регистрирани се 1.004 новоизградени станови, односно станови од инвеститор, што е за 159 станови повеќе од третиот квартал во 2025 година. Исто така, во Агенцијата за катастар на недвижности досега се запишани 27.522 листови за предбележување градба што укажува дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности.

– Во овој квартал најголема постигната цена на стан по метар квадратен е од 182.404 денари, односно во висина од 246.171 евра за вкупна површина од 83 метри квадратни кој се наоѓа на територијата на административна општина Центар, покажува најновиот Извештај од Регистарот на цени и закупнини, што го објавува Агенцијата за катастар на недвижности.

Најголем број продадени станови евидентирани во Регистарот на цени и закупнини има во општина Аеродром, односно во овој квартал се продадени 304 станови, додека, пак, најголем број продадени куќи има на територијата на општина Битола, односно во овој квартал се продадени 91 куќa. Што се однесува до продажбата на деловниот простор, најмногу продажби се забележани на територијата на општина Центар каде што се продадени 31 деловнa просториja. Најмногу недвижности од типот на земјоделско земјиште и шуми се продадени во општина Куманово со 110 продажби, додека најмногу продадено градежно земјиште е регистрирано во општина Ѓорче Петров со 43 продажби. Во овој квартал се регистрирани и продажби на 194 гаражи, и тоа во поголем број општини.

Во периодот од 1 октомври 2025 година до 31 декември 2025 година, во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани вкупно 9.283 трансакции (вкупниот број на трансакции е збир од вкупниот број на купопродажби и вкупниот број на закупи). Споредбено со третиот квартал од 2025 година, во овој квартал има регистрирано 964 трансакции повеќе што укажува на раст на пазарот на недвижности во однос на обемот на тргување.

Во овој период, во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани 5.084 продажби, 1.094 продажби од инвеститор и 40 откупи од државата, како и 12 продажби на недвижности по пат на лицитација, односно вкупно 6.230 купопродажби на недвижности (вкупниот број на купопродажби е збир од вкупниот број на продажби, продажби на лицитација, продажби од инвеститор и откуп од државата), што претставува раст за 95 купопродажби во однос на третиот квартал од 2025 година. Што се однесува до закупите, регистрирани се 3.053 закупи на целата територија на државава што претставува раст во однос на закупите од претходниот квартал и тоа за 869 закупи. Може да се забележи дека 55 проценти од трансакциите со недвижностите се однесуваат на продажби, додека 33 проценти од трансакциите се однесуваат на закупи на недвижен имот и заедно сочинуваат 88 проценти од вкупниот пазар со недвижности.

Споредбено по месеци од овој квартал, може да се забележи дека најголем број трансакции има во декември кога во Регистарот на цени и закупнини се регистрирани 3.274 трансакции. Најмалку трансакции се регистрирани во ноември, и тоа 2.797, додека во октомври се регистрирани 3.212 трансакции.

Доколку се разгледа обемот на трансакции по месеци и по тип на трансакција, може да се заклучи дека најголем број продажби се регистрирани во декември, односно 1.863 продажби, а најмногу закупи – 1.106 се регистрирани во октомври. Најголем број продажби од инвеститор, односно продажба на новоградби (стан, деловен простор, гаража и др.) се регистрирани во октомври, и тоа 416 продажби.

Најголем број трансакции се случиле на територијата на општина Центар, 812, во општина Аеродром се регистрирани 645, во општина Штип 634 трансакции, во општина Карпош 472 трансакции, во општина Битола 415 трансакции и во општина Гази Баба 410 трансакции. Најмал број трансакции се регистрирани на териториите на општините: Македонска Каменица со 10 трансакции, општините Конче, Лозово и Новаци со девет трансакции, во општината Зрновци се регистрирани осум трансакции, во општините Арачиново и Градско со седум трансакции, во општините Вевчани и Центар Жупа со пет трансакции и во општината Пласница регистрирани се четири трансакции. На територијата на 41 општина во нашата држава се регистрирани трансакции во обем од 0 до 50, што претставува мал број трансакции за дадениот временски период. Тоа, според АКН, покажува дека има големо раздвојување на пазарот, односно општини каде што има развиен пазар и општини каде што пазарот на недвижности воопшто не функционира за овој период.

Од 3.053 закупи во четвртиот квартал минатата година, најголем број, 1.369, припаѓаат на станови по што следуваат 911 закупи на деловни простори, 399 закупи на куќи, 257 закупи на земјоделско земјиште и шуми, …Во однос на третиот квартал 2025 има зголемување за 869 закупи.

Како што објави претходно Народната банка, во четвртиот квартал од минатата година недвижностите поскапеле за 25 проценти на годишно ниво. Во претходниот, третиот квартал од минатата година, цените на недвижностите забележаа раст на годишно ниво од 25,1 процент во третиот квартал, по растот од 19, 5 проценти во првиот и од 19,9 проценти во вториот квартал.

Последните податоци од Државниот завод за статистика се за ноември лани, кога биле издадени 304 одобренија за градење за 16,9 проценти повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Израелскиот претседател положи венец во Бонди на почетокот на контроверзната посета
Следна Статија Samsung Galaxy S26 Ultra: Датум на пуштање и очекувања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Blog

Македонската „The Dude Specialty Coffee“ прогласена за една од 100-те најдобри кафетерии во светот

Скопската кафетерија „Dude Specialty Coffee“, која веќе четири и пол години го нуди најдоброто кафе во градот, доби признание за…

February 24, 2025

Green Party takes Gorton and Denton from Labour in first ever Westminster by-election win – BBC

Hannah Spencer, a 34-year-old plumber, also becomes the first Green Party candidate to win a Westminster by-election.

March 3, 2026
Blog

Pennsylvania woman’s final moments captured on home security video. Will it help prove she was murdered? – CBS News

Bruno Rocuba claims a freak accident while handling his gun caused the death of his wife, Melissa Rocuba. He was…

January 19, 2026

Размислувања за Go, Rust и Zig: Компаративна анализа на модерни програмски јазици

Длабока анализа на предностите и предизвиците на трите водечки системски програмски јазици во денешната технолошка сфера

December 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?