Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се заканил со убиство кон функционери на политичка партија: Поведена постапка за загрозување на сигурноста против тетовец
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Се заканил со убиство кон функционери на политичка партија: Поведена постапка за загрозување на сигурноста против тетовец
ХРОНИКА

Се заканил со убиство кон функционери на политичка партија: Поведена постапка за загрозување на сигурноста против тетовец

Објавено October 31, 2025 09:42
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Тетово, постапувајќи по кривична пријава од СВР Тетово, поведе постапка против 49-годишен тетовец за кого постои основано сомнение дека извршил кривично дело – Загрозување на сигурноста според член 144 став 5 од Кривичниот законик.

Осомничениот, на 28 октомври, од профил на социјалната мрежа Фејсбук објавил видео и текст на албански јазик во кој отворено се заканил со убиство и други тешки кривични дела кон една жена и кон функционери од една политичка партија и лица со политичко уверување. Со објавата која имала навредлива, омаловажувачка, но и заканувачка содржина кај оштетената предизвикал чувство на вознемиреност и страв.

Јавниот обвинител, ценејќи ги сите околности, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Тетово поднесе предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот и ја определи притворската мерка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија На 8 ноември на МТВ почнува „Буквождер“ нова македонска анимирана серија за деца, продолжение на „Бушава азбука“
Следна Статија Автомобил експлодираше во Русија: загина офицер од единицата што го изврши масакрот во Буча

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Дете од кумановско загина по судир меѓу автомобил и електричен тротинет

Тринаесетгодишно дете од кумановско загина во сообраќајна несреќа што синоќа се случила на регионалниот пат Куманово–Скопје, во селото Черкези. Според…

May 29, 2026
ХРОНИКА

Зелениково: Возот вратен на шини, железничкиот сообраќајот нормализиран

Пругата е пуштена за сообраќај откако товарниот воз вчера, во 21:37 часот, беше излезен од шините, по што во прекин…

November 18, 2024
ХРОНИКА

Јакимовски на 2 јули оди во Шутка

Едногодишната казна затвор на осуденото лице С.Ј. стапува на извршување во текот на следниот месец, откако надлежниот судија го комплетираше…

June 11, 2026
ХРОНИКА

За нови 48 часа продолжен притворот на Стојанче Јовановски

За нови 48-часа е продолжен притворот за Стојанче Јовановски кој се сомничи за семејно насилство и за наведување на самоубиство…

March 5, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?