Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се заканувал дека ќе ја убие 4 годишната ќерка, му пречело што детето земало играчки – Поднесено обвинение за таткото од Драчево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Се заканувал дека ќе ја убие 4 годишната ќерка, му пречело што детето земало играчки – Поднесено обвинение за таткото од Драчево
ХРОНИКА

Се заканувал дека ќе ја убие 4 годишната ќерка, му пречело што детето земало играчки – Поднесено обвинение за таткото од Драчево

Објавено June 26, 2025 10:04
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје целосно ја заврши постапката, ги прибра сите докази и до Основниот суд во Скопје достави обвинение против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 21 јуни, вршејќи насилство во семејниот дом во населба Драчево, телесно ја повредил неговата малолетна ќерка родена во 2021 година.

-Додека мајката приготвувала јадење, а оштетеното дете си играло со нејзините сестри, во еден момент се качило на креветот во дневната соба за да ги земе играчките. На тоа обвинетиот се вознемирил и започнал да му се обраќа на детето со груби навреди. Потоа започнал да манифестира и физички насилно однесување кон оштетеното дете, удирајќи ја ќерката со шлаканици по лицето. На тој начин и нанел телесни повреди – набиеници и гребаници со крвни подливи, а продолжил и со вербални закани дека ќе ја убие, информира Обвинителството.

Бидејќи се уште постојат законските основи и околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител со обвинението поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Аргентинците не знаат да губат – се степаа фудбалерите на Ривер и Интер
Следна Статија Првиот пик на драфтот Далас го искористи за Купер Флег

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Престрелка во близина на Бит Пазар – едно лице повредено

Попладнево имало пукање во близина на Бит Пазар. Неофицијално, како што пренесуваат ТВ 21, има една жртва. Според првичните информации,…

April 25, 2025
ХРОНИКА

До каде оди криминалот: Крим техничар од шкаф на работа украл 25.000 евра и злато од 50.000 евра

На 03.07.2025 во 17.50 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода полицискиот службеник Д.С.(51) од Гостивар, поради…

July 4, 2025
ХРОНИКА

Почина една од најдобрите македонски докторки

Со тага и искрено сочувство, медицинската заедница и граѓаните се простуваат од примариус специјалист д-р Славица Трајкова, инфектолог, која почина…

May 7, 2025
ХРОНИКА

МВР објави потерница за адвокатот Александар Ристески

Министерството за внатрешни работи денеска на својата веб страница објави потерница по поранешниот адвокат Александар Ристески поради „истрага за сторено…

December 4, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?