Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се заканувал дека ќе ја убие 4 годишната ќерка, му пречело што детето земало играчки – Поднесено обвинение за таткото од Драчево
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Се заканувал дека ќе ја убие 4 годишната ќерка, му пречело што детето земало играчки – Поднесено обвинение за таткото од Драчево
ХРОНИКА

Се заканувал дека ќе ја убие 4 годишната ќерка, му пречело што детето земало играчки – Поднесено обвинение за таткото од Драчево

Објавено June 26, 2025 10:04
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје целосно ја заврши постапката, ги прибра сите докази и до Основниот суд во Скопје достави обвинение против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот, на 21 јуни, вршејќи насилство во семејниот дом во населба Драчево, телесно ја повредил неговата малолетна ќерка родена во 2021 година.

-Додека мајката приготвувала јадење, а оштетеното дете си играло со нејзините сестри, во еден момент се качило на креветот во дневната соба за да ги земе играчките. На тоа обвинетиот се вознемирил и започнал да му се обраќа на детето со груби навреди. Потоа започнал да манифестира и физички насилно однесување кон оштетеното дете, удирајќи ја ќерката со шлаканици по лицето. На тој начин и нанел телесни повреди – набиеници и гребаници со крвни подливи, а продолжил и со вербални закани дека ќе ја убие, информира Обвинителството.

Бидејќи се уште постојат законските основи и околностите кои укажуваат на опасност од бегство и можност обвинетиот да го повтори кривичното дело, јавниот обвинител со обвинението поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Аргентинците не знаат да губат – се степаа фудбалерите на Ривер и Интер
Следна Статија Првиот пик на драфтот Далас го искористи за Купер Флег

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Или ќе бидеш моја, или ќе бидеш мртва- Росица сведочела за заканата од Илија

Убиената Росица Коцева од Велес, во Основното јавно обвинителство во Велес, неколку дена пред да биде убиена дала исказ во…

September 16, 2025
ХРОНИКА

Алармантни податоци: На секои два дена нов случај на врсничко насилство во училиштата

Од почетокот на годинава во Македонија се регистрирани 93 инциденти меѓу ученици во 64 училишта, што во просек значи нов…

June 18, 2026
ХРОНИКА

Обвинителството презема дејствија во врска со пожарот во Трубарево

Во врска со пожарот во магацински објекти во селото Трубарево, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје веќе презема дејствија…

September 14, 2025
ХРОНИКА

Тешко повреден полицаец, го удриле со возило додека работел

На 09.11.2025 во 04:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул.„Ленинова“ и ул.„Столтенбергова“ во Скопје, патничко…

November 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?