Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се наоѓаме најблиску досега до крај на војната во Украина, тврди американски дипломат
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Се наоѓаме најблиску досега до крај на војната во Украина, тврди американски дипломат
СВЕТ

Се наоѓаме најблиску досега до крај на војната во Украина, тврди американски дипломат

Објавено May 14, 2025 11:08
Сподели
Сподели

Во моментов сме најблиску досега до ставање крај на војната во Украина и прекин на борбите, посочува американски дипломат, нагласувајќи дека веројатно никој нема да биде задоволен од никаков договор за прекин на огнот за кој ќе се согласат Москва и Киев, но дека сите се согласуваат оти мирот е многу подобар од војната.

– Она што е потребно во овој момент е двете страни да се сретнат и да преговараат за траен мир. На масата е се она што е потребно, но двете страни ќе мора да се согласат. И состанок што може да се случи в четврток навистина е најохрабрувачкото нешто што го имавме во последниве три години од оваа бескрајна и навистина непотребна војна. Но, во исто време, таа треба да заврши. Треба да имаме мир во Европа и треба да се осигураме дека борбите ќе престанат, наведува дипломатскиот извор.

Тој посочува дека американскиот претседател Доналд Трамп е фокусиран на „ставање крај на колежот и убиствата“ што се случуваат во Украина и на овозможување траен мировен договор, но дека единствен начин да се случи тоа е двете страни да седнат да преговараат за мировен договор што ќе стави крај на убивањето.

– Мора да седнеме на масата за да преговараме за крај на оваа војна. Ако не седнеме на масата, тогаш нема да има крај на оваа војна, додава американскиот дипломат.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ВИДЕО: Телескоп на НАСА ја сними поларната светлина на Јупитер
Следна Статија Царинска управа: Спречени обиди за криумчарење лекови и медицински материјали

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Трамп прашан дали ќе нареди напади врз Венецуела: „Ќе дознаете“

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера даде интересен одговор кога беше прашан дали би наредил воени напади врз Венецуела. „Па, ќе…

September 8, 2025
СВЕТ

Шолц од Киев: Германија ќе остане најсилниот поддржувач на Украина во Европа

Германскиот канцелар Олаф Шолц, пристигна денеска во својата прва посета на Киев после 2,5 години. Тој ќе има средба со…

December 2, 2024
СВЕТ

Бајден доделува највисоки признанија, Лионел Меси и Дензел Вашингтон меѓу добитниците

Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе им додели Претседателски медал на слободата на 19 истакнати личности, меѓу кои се фудбалската…

January 4, 2025
МАКЕДОНИЈАПОЛИТИКАСВЕТ

Билатерална средба на министерот Панче Тошковски со унгарскиот колега Шандор Пинтер

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска во Охрид оствари билатерална средба со министерот за внатрешни работи на Република Унгарија,…

September 27, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?