Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се огласи адвокатот на Ана Ивановиќ по разводот со Швајнштајгер: Откриено е што точно предизвикало распад на бракот
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Се огласи адвокатот на Ана Ивановиќ по разводот со Швајнштајгер: Откриено е што точно предизвикало распад на бракот
ЗАБАВА

Се огласи адвокатот на Ана Ивановиќ по разводот со Швајнштајгер: Откриено е што точно предизвикало распад на бракот

Објавено July 23, 2025 10:10
Сподели
Сподели

Еден од најомилените спортски парови во светот, Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, одлучија да го прекинат својот брак по девет години заедно.

Веста ја потврди адвокатот на познатата српска тенисерка, со напомена дека нема да има понатамошни изјави, бидејќи, како што е наведено, „во целиот процес, најважно за Ана е да се грижи за децата“.

Ана и Бастијан се венчаа во јули 2016 година на романтична церемонија во Венеција, која беше внимателно следена од светските медиуми.

Двојката се запознала две години претходно, додека Швајнштајгер сè уште играл за Баерн Минхен, а Ана полека ја завршувала својата извонредна тениска кариера, која официјално ја завршила во декември 2016 година, истата година кога се венчале.

Тие имааат три деца – два сина, Лука и Леон, додека идентитетот на најмладото дете никогаш не бил јавно откриен.

Иако изгледаа хармонично во јавноста, во последните месеци се повеќе се шпекулира за криза во бракот.

Како причина за разводот, правниот застапник на Ана, Кристијан Шерц, наведе „непомирливи разлики“, апелирајќи до јавноста да ја почитува приватноста на семејството, особено на децата.

Германскиот БИЛД пишува дека проблемот настанал поради различни животни приоритети – Ана поминувала повеќе време во Србија, каде што нејзиното семејство ѝ помага со децата, додека Бастијан често бил на патувања поради неговите обврски како фудбалски коментатор.

Парот последен пат се појавил јавно заедно во септември минатата година, на Лејвер купот во Берлин, а потоа и на божиќниот пазар, по што објавите на семејството на социјалните мрежи речиси целосно згаснаа.

Ситуацијата дополнително ја разгоре веста објавена од германските таблоиди во јуни – Швајнштајгер беше виден како се бакнува со својата нова партнерка, идентификувана само како „Силва“, Бугарка што наводно ја запознал преку децата. Парот е виден заедно на плажа, а исто така бил на патувања во Мароко и Мајорка.

Додека Бастијан одмараше во странство, Ана неодамна престојуваше во Лондон по повод Вимблдон, турнир кој е еден од нејзините омилени, а каде што стигна до полуфиналето во 2007 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Африм Гаши доцна синоќа бил примен на Клиниката за дигестивна хирургија во Клиничкиот центар
Следна Статија (Видео) Зеленски потпиша контроверзен закон: избија најголемите протести од почетокот на војната

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Овој богат човек сака да остане вечно млад : Вбризгувал крв, има своја дневна рутина

Брајан Џонсон (47) е американски биохакер кој има желба да го продолжи својот живот, а со медиумите ја сподели својата…

June 14, 2025
ЗАБАВА

Девицата ќе има несогласувања со партнерот, Биковите да внимаваат што потпишуваат

Дознајте што предвидува вашиот неделен хороскоп за оваа недела на работното место, во љубовта и дали ќе се сложувате со…

January 13, 2025
ЗАБАВА

Ова се „ангелските души“ од хороскопот: Ги краси посебна енергија – проверете дали сте меѓу нив

Според распоредот на ѕвездите, луѓето со ангелска душа се раѓаат само во три хороскопски знаци.Проверете дали сте меѓу нив. Лав…

November 30, 2024
ЗАБАВА

(ФОТО) Шилегов има причина за славење, сподели среќни вести за ќерката Симона

Дипломираше ќерката на Шилегов , поранешниот градоначалнил на Скопје. Тој постираше неколку фотографии на социјалните мрежи на кои е заедно…

November 24, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?