Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се огласи ОЈО за тешката несреќа на Пластичарска: Возачот на Ауди-то бил под дејство на дрога
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Се огласи ОЈО за тешката несреќа на Пластичарска: Возачот на Ауди-то бил под дејство на дрога
ХРОНИКА

Се огласи ОЈО за тешката несреќа на Пластичарска: Возачот на Ауди-то бил под дејство на дрога

Објавено May 31, 2026 14:35
Сподели
Сподели

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 31-годишник вчера во вечерните часови управувал автомобил Ауди А4 по булеварот „Никола Карев” и кога дошол до крстосницата со улицата “Прохор Пчињски”, не ја почитувал сообраќајната сигнализација и на удвоена полна линија навлегол во двете сообраќајни ленти за возилата од спротивен правец, свртувајќи во лево на крстосницата.

Исто така, спротивно на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, возилото го управувал под дејство на наркотична дрога.

Бидејќи не се придржувал кон прописите осомничениот свесно го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето. Со предниот дел од автомобилот удрил во мотоцикл БМВ, додека во задниот дел на неговиот автомобил удрил мотоцикл Хонда ХДВ, кои доаѓале од спротивна насока и се движеле паралелно.

Од силината на ударот, оштетениот кој управувал со мотоциклот БМВ се здобил со тешки телесни повреди од кои починал.

Со оглед на тоа што постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците или да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Се урива старата куќа во Охрид за која беше поднесено барање за итна заштита
Следна Статија Јадранското Море е полно со опасни медузи, луѓето кои се капат да бидат внимателни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Акција на полицијата во Струмица и струмичко – опсада за 5те тони марихуана

Неофицијално вечерва е во тек полициска опсада на повеќе објекти и локации во Струмица и Струмичко, а воедно и објектот…

February 4, 2026
ХРОНИКА

Ја допирал по телото, и ветувал пари да не кажува на родителите: Дедо од Гостивар извршил обљуба врз 12-годишно девојче

Вчера во 15 часот полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.Д.(72) од с.Чегране, гостиварско, постапувајќи по пријава…

July 8, 2025
ХРОНИКА

Синот на Теута Арифи приведен под сомнение за продажба на дрога

Во Тетово полицијата пронашла и запленила марихуана и бел прашок при претрес на изнајмен објект, во рамки на истрага поврзана…

April 18, 2026
ХРОНИКА

Пронајдено 12-годишното дете кое беше пријавено за исчезнато

На 23.07.2025 во 20:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автобуска постојка кај Меѓуградската автобуска станица во Скопје…

July 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?