Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се повеќе граѓани од странство нудат бесплатно сместување и превоз за семејствата на повредените во пожарот во Кочани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Се повеќе граѓани од странство нудат бесплатно сместување и превоз за семејствата на повредените во пожарот во Кочани
МАКЕДОНИЈА

Се повеќе граѓани од странство нудат бесплатно сместување и превоз за семејствата на повредените во пожарот во Кочани

Објавено March 18, 2025 11:13
Сподели
Сподели

Се поголем број граѓани од странство нудат бесплатно сместување и превоз за семејствата на повредените од пожарот во Кочани. На социјалните мрежи секојдневно има објави со контакт телефони за бесплатно сместување и превоз до болниците во Србија, Грција, Хрватска, Австрија, Бугарија… Денеска на седница на Влада треба да биде донесена и одлука за покривање на трошоците за превоз и сместување за семејствата на повредените кои се хоспитализирани во странство. Повеќе информации може да добијат на телефонот 070 270 370. 

Централизирани информации за помош на семејствата на повредените може да се најдат и на sos-smestaj.com. 

Сместување за роднините на повредените кои се хоспитализирани во Солун, но и транспорт од сместувањето до болниците обезбедува и Здружението на бизнис жени од Грција кои имаат на располагање околу 20 соби и кревети. Претседателката на Здружението Апостолина Цалтабаси во разговор со дописничката на МИА од Атина посочува дека ова е чин на човечност, хуманост, љубов и пријателство, но и најмалку што можеле да направат.

– И ние пред две години со железничката несреќа кај Темпи поминавме исто и знаеме колку е драматично да се загубат толку млади деца и толку неправедно. Ги прашавме веднаш дали можеме да понудиме некаква помош, дали материјално-техничка или што било друго, а во тој момент таму преовладуваше паника, вели Цалтабаси за МИА.

Во болниците во странство досега се хоспитализирани 76 пациента и тоа во Србија, Хрватска, Словенија, Бугарија, Грција, Австрија и Литванија. Во Скопје остануваат на лекување 89 пациенти.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тошковски разреши шест началници од Штип и Кочани и еден командир
Следна Статија И свети ВМРО да е, ако некој направил грешка ќе одговара – вели Мицкоски за градоначалникот на Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Абдул Јашари од Чаир стана министер во Сирија, а во Македонија се истражуваше неговата ,,улога” во случајот ,,Монструм”

Абу Катада Албани е во сириската влада и под санкции на САД за тероризам, откако долги години ја предводеше џихадистичката…

February 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Актерот Јовановски за журката на Заев и Филипче: Додека браќата од 27 ми, се’ уште се во затвор, некои Богами си се веселат

Не знам каде е оваа журка, но според атмосферата, сигурно излобирале нешто многу важно за Македонија. Мало сутра! Ееј жална…

November 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Македонија ќе биде максимално подготвена за најавениот протест на ДУИ за УЧК, порача премиерот Мицкоски

Македонија ќе биде максимално подготвена за најавениот протест на ДУИ кој треба да им даде поддршка на војниците на ОВК…

December 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Негативни на птичји грип се резултатите на вработените во Зоо Скопје

По добиените резултати од спроведените тестирања, двете лица вработени во Зоо Скопје се негативни за птичји грип. Ова попладнево го…

October 21, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?