Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се свршија Тејлор Свифт и Тревис Келси
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Се свршија Тејлор Свифт и Тревис Келси
ЗАБАВА

Се свршија Тејлор Свифт и Тревис Келси

Објавено August 27, 2025 00:26
Сподели
Сподели

Еден од најследените познати парови на денешницата, Тејлор Свифт и Тревис Келси, потврдија дека се свршија. Тие ја објавија веста на Инстаграм, по неколку месеци шпекулации и очекувања од нивните обожаватели.

„Вашиот наставник по англиски јазик и наставникот по физичко образование се верија“, напишаа тие во описот на фотографиите на кои позираа во романтична атмосфера. На една од фотографиите, тие покажаа и како изгледа вереничкиот прстен.

Приказната за нивната врска започна во септември 2023 година, кога за прв пат беа видени заедно по натпреварот со Канзас Сити Чифс, во кој тимот на Келси ги победи Чикаго Берс.

Недолго потоа, беше откриено дека Келси се обидел да ѝ подари на Свифт нараквица за пријателство со врежан телефонски број на неа – но планот му пропаднал.

Подоцна призна дека двајцата веќе разговарале пред официјално да се сретнат во Њујорк. Оттогаш, нивната врска брзо напредуваше и набрзо стана едно од најследените партнерства во светот на забавата и спортот.

Во месеците што следеа, Тејлор Свифт редовно го следеше Келси на неговите натпревари, вклучувајќи го и Супербоул LVIII, каде што се бакнуваа пред камери и илјадници фанови по победата.

Многу фанови ја очекуваа свршувачката со месеци, а шпекулациите стануваа сè поинтензивни на социјалните мрежи. Иако изворите тврдеа уште во мај 2024 година дека Келси не размислува за брак бидејќи го сфаќа многу сериозно и не влегува лесно во такви одлуки, очигледно е дека двојката во меѓувреме донела заедничка одлука.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Сведочење во Сенатот на д-р Роберт Саливан за мРНА вакцините: Се чувствувам како да сум добил смртна пресуда (ВИДЕО)
Следна Статија Убиено едно лице при тепачка пред казино во Кавадарци

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Вил Смит одговори на обвинувањата за забавите на Диди: Не поднесувам масло за бебиња

Правната драма на Шон Комбс, попознат како Диди, стана една од главните вести во светот на славните. Вил Смит беше…

December 14, 2024
ЗАБАВА

Го смени презимето и стана милионерка: Која е жената во ложата на Ѓоковиќ

Ребека Мекдоналд, една од најуспешните и најбогатите жени од српско потекло во светот, чие богатство се проценува на околу две…

July 10, 2025
ЗАБАВА

Електричар дал отказ, а сега заработува како двојник на Џеф Безос: Напорно е (ФОТО)

Човекот кој работи како двојник на Џеф Безос го откри својот „срам“ кога обожавателите укажаа на клучната разлика, неговиот недостаток…

November 15, 2024
ЗАБАВА

Поскапо од Швајцарија: Туристите покажаа сметка од Црна Гора, па сите останаа шокирани за цените во Колашин

Фискалните сметки од ски-центарот во Колашин во Црна Гора станаа тема на дискусија на социјалните мрежи откако беа објавени цените…

December 29, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?