Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се сомневаме на саботажа во РЕК, МВР го испитува случајот, вели Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Се сомневаме на саботажа во РЕК, МВР го испитува случајот, вели Мицкоски
МАКЕДОНИЈА

Се сомневаме на саботажа во РЕК, МВР го испитува случајот, вели Мицкоски

Објавено June 19, 2025 16:44
Сподели
Сподели

Постои основано сомнение дека е можно во раните утрински часови пред два дена да се случила саботажа во РЕК Битола. МВР го истражува случајот што е нивна работа, а на вработените во АД ЕСМ им останува час поскоро да го оспособат блокот 2 и да биде во функција, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Важно е што навремено снабдување со електрична енергија ќе добијат сите корисници. Во РЕК Битола се даваат натчовечки напори во делот на дисциплината и ремонтите. Двата блока се веќе во ремонт, а овој единствено работеше, бидејќи таква е потребата на пазарот во моментов РЕК Битола да работи со еден блок, а пикот да се пегла со други извори, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање на отворањето на комплексот „Македонско село“ во Горно Нерези.

Потсети дека АД ЕСМ и Владата не побара зголемување на цената на електричната енергија од 1 јули, како што, како што посочи, тоа многу пати го правеше мината влада.

Продолжуваме да го оправаме сето она кое што уништено, распаднато и девастирано го затекнавме од претходната влада, потенцира Мицкоски.

Вчера рано изутрина Термоблокот 2 во РЕК Битола автоматски се исклучи од електроенергетскиот систем поради проработување на заштитниот механизам на блокот, кој се активирал како последица на зголемена температура, односно опожарени дрвени елементи во близина на ормарот за електронско управување.

Од АД ЕСМ тогаш посочија дека со оглед дека станува збор за потенцијална саботажа, веднаш по настанот, надлежните служби на РЕК Битола реагирале согласно оперативните протоколи и ја известиле криминалистичката полиција која извршила увид.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Од полноќ поскапуваат горивата – ова се новите цени!
Следна Статија Петмина повредени во судир на „ауди“ со полициско возило во Аеродром

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мисајловски: Нема да има македонски војници на украинско тло

Нема да има македонски војници на украинско тло, тоа досега никој не го побарал од нас како држава, изјави денеска…

March 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Синот на пратеничката Коџаџику од ВЛЕН стана советник на директорот на М-НАВ

И синот на пратеничката Мерита Колчи-Коџаџику од ВЛЕН, Премтим Коџаџику, се вработи во Македонска навигација (М-НАВ) на советничко место на…

August 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со остра осуда за скандирањата на ксенофобични пораки и национализам на натпреварот Македонија-Романија во Куманово

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање остро го осуди скандирањето на натпреварот Македонија-Романија во Куманово од…

August 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ – Западен Балкан во Брисел

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски од утре ќе престојува во дводневна работна посета на Брисел каде што ќе има средби…

December 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?