Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се трага по пукачот од Штип, ја пробил рампата кај Миладиновци во полициската потера
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Се трага по пукачот од Штип, ја пробил рампата кај Миладиновци во полициската потера
ХРОНИКА

Се трага по пукачот од Штип, ја пробил рампата кај Миладиновци во полициската потера

Објавено May 9, 2025 08:48
Сподели
Сподели

Полицијата трага по лицето кое вчера пукаше и рани едно лице во кафуле во центарот на Штип.

Инцидентот бил пријавен вчеравечер околу 21:30 часот.

Во СВР Штип било пријавено дека во угостителски објект на градскиот плоштад во Штип, било пукано со пиштол при што едно лице е повредено. Лицето со возило на итна медицинска помош е пренесено во болница во Штип. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето кое пукало и за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Штипската телевизија ТВ Стар објави снимка од синоќешното пукање. На видеото се гледа како осомничениот влегува во тоалет по што излегува и пука во колегата студент по што бега, а други лица се обидуваат да му помогнат на повредениот.

Содржината на видеото е вознемирувачка.

Според нивните неофицијални информации, и жртвата и лицето кое пукало се студенти од Турција. Осомничениот бил пресретнат од полицијата кај Миладоновци, но тој во бегство ја пробил наплатната рампа и покрај тоа што полицијата отворила оган. Неколку километри потоа убиецот го напуштил возилото оставајќи го на автопатот. Потрагата е во тек.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уапсен убиецот кој вчера пукаше во Штип
Следна Статија (Видео) Убиецот од Штип имал четворица помагачи, сите се од Турција и се приведени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

МВР апелира: Не отворајте сомнителни СМС пораки

Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи, ги информира граѓаните дека во изминатиот период се забележани зголемен број…

July 4, 2025
ХРОНИКА

Kривична пријава против градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари – го оштетил буџетот за скоро 4 милиони денари

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело…

May 26, 2025
ХРОНИКА

83-годишна жена Скопјанка измамена за 17.300 евра

На 23.05.2025 во 18.30 часот во Полициската станица Бит Пазар, 83-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно…

May 24, 2025
ХРОНИКА

Во сообраќајна несреќа во Куманово тешко провредена сопатничка

Вчера околу 19.50 часот во СВР Куманово било пријавено дека на крстосница од регионален пат Куманово – Свети Николе и…

January 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?