Силен земјотрес ја погоди Света Гора

- Advertisement -

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Света Гора, соопшти грчкиот институт за геодинамика.

Епицентарот на земјотресот бил на осум километри северозападно од Карелија на длабочина од пет километри, пренесува „Катимерини“.

Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) претходно соопшти дека земјотресот се случил на 24 километри југоисточно од градот Иерисос во 16:11 часот по локално време.

Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Сподели ја оваа статија