Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Симпсонови добиваат нов лик од Македонија – ова се деталите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > Симпсонови добиваат нов лик од Македонија – ова се деталите
ЗАБАВА

Симпсонови добиваат нов лик од Македонија – ова се деталите

Објавено April 25, 2025 14:02
Сподели
Сподели

Во недела, на 27 април, во 20 часот по американско време (2 часот по полноќ во понеделник по македонско време), на телевизијата FOX ќе се емитува 15-тата епизода од 36-та сезона на легендарната анимирана серија „Симпсонови“. Она што ја прави оваа епизода посебна е тоа што за првпат во историјата на серијата ќе се појави лик од Македонија.

Веста ја сподели Невена Нешкоска, која заедно со нејзиниот брат Наум и сестра ѝ Калина стои зад детскиот едукативен канал „Дарко Биберко“. Таа откри дека новиот лик во серијата е спортист кој доаѓа во Спрингфилд како вистинска сензација од Македонија – иронично, во спорт кој не е баш македонски: бејзбол.

„Креаторите на „Симпсонови“ одлучиле да внесат лик – спортист кој доаѓа во Спрингфилд како голема сензација од Македонија. За кој спорт станува збор? Нормално, за најпопуларниот и најисконски македонски спорт… бејзбол“, напиша Нешкоска.

Таа дополнително сподели детали за вклученоста на неа и нејзиното семејство во креирањето на епизодата.

„Што се однесува на тоа како бевме вклучени во епизодата: учевствувавме во преводот, јас лично имав консултантска улога, а сите тројца испеавме песна што ја преведовме од англиски на македонски“, објасни Нешкоска.

Епизодата премиерно ќе се прикаже во недела вечер на американската телевизија FOX, а сите љубители на „Симпсонови“ кај нас ќе можат да ја проследат онлајн во понеделник наутро.

„Па ајде понеделник рано на сабајле сите да навиваме за нашите Springfield Isotopes“, додаде Невена.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кривичен определи мерки притвор, куќен притвор и мерки за претпазливост за 23 лица под истрагата за остварување туѓа нега и инвалидска пензија
Следна Статија Престрелка во близина на Бит Пазар – едно лице повредено

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Дејвид Бекам се обиде да се потшиша, но доживеа незгода

Дејвид Бекам повторно го привлече вниманието – овојпат поради „несреќен случај“ при стрижење што се случи во неговата бања. Имено,…

July 21, 2025
ЗАБАВА

Најдобрите Nintendo понуди за Црн Петок 2025: Попусти на Switch конзоли, игри и повеќе

Еве што е достапно сега кога Nintendo официјалната Црн Петок 2025 продажба е веќе активна кај сите големи малопродажни трговци.

November 30, 2025
ЗАБАВА

Почина Брајан Вилсон, фронтменот на “Бич Бојс“

Брајан Вилсон, музичарот, текстописецот и продуцентот на „Beach Boys“, кој создаде дел од најубавата поп-музика во историјата, почина на 82-годишна…

June 11, 2025
ЗАБАВА

Сопругата на Пирс Броснан ја открива тајната за здраво слабеење на 60 години

Кили Шеј Смит, сопругата на Пирс Броснан на 60 години решила да го промени начинот на живот за да се…

April 6, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?