Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Симулација на вонредна состојба за проверка на капацитетите на МВР и ТАВ Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Симулација на вонредна состојба за проверка на капацитетите на МВР и ТАВ Македонија
МАКЕДОНИЈА

Симулација на вонредна состојба за проверка на капацитетите на МВР и ТАВ Македонија

Објавено March 9, 2025 17:14
Сподели
Сподели

Симулациска вежба на заложничка криза се одржа денеска на Меѓународниот Аеродром Скопје на Припадници на специјалните сили на Министерството за внатрешни работи во соработка со аеродромските безбедносни служби на ТАВ Македонија, која има за цел тестирање на капацитетите на институциите на национално ниво како и економскиот оператор ТАВ за справување со вакви ситауции и оценка на ефикасноста на плановите за итни ситуации и вонредни состојби на аеродромот, протоколите за комуникација и координацијата меѓу повеќето учесници.

Директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР, Александар Јанев истакна дека вежбата тече на исклучително професионално ниво, а брзината на реакција е соодветно, а едно вакво сценарио покажува колку сме ние како систем подготвени да ги почитуваме процедурите и да одговориме на реални закани.

Безбедноста на вакви витални инфраструктурни објекти и на секој поединец без разлика дали е вработен или патник на аеродромот е од круцијално значење за нас како полиција, но и на Владата бидејќи со зајакнување и почитување на протоколите кои се пропишани за вакви ситуации нивната имплементација не мапира на високо ниво како служба и како држава во однос на безбедноста на аеродромот на европско и светско ниво, рече Јанев кој додаде дека од досега спроведените инспекциски надзори нема поголеми забелешки.

Тој нагласи дека ова е дел од сетот на симулациски вежби кои што ги имаат во различни области каде како полиција секаде каде се засегнати даваат максимална поддршка и со човечки капацитет и со знаење за да ги осигураме граѓаните дека се грижиме за нивната безбедност.

Заменик-генералниот директор на ТАВ Македонија задолжен за операција Перо Лупевски истакна дека настанот е од исклучително значење за безбедноста на аеродромот и на патниците.

Со оваа вежба демонстрираме подготвеност, координација и професионализам во справувањето со потенцијалните закани. Високото ниво на обука, брзината на реакцијата и соработката меѓу службите се клучни за заштита на аеродромската оперативан безбедност. Ова не е само тренинг, ова е залог за сигурност, доверба и успешна превенција. Продолжуваме како ТАВ Македонија да инвестираме во обука, во модернизција со цел да ги постигнеме и одржиме највисоките стандарди на безбедност, рече Лупевски.

За време на вежбата, организирана од страна на аеродромскиот оператор, ТАВ Македонија, сите засегнати оддели на Меѓународниот Аеродром Скопје, и Министерството за внатрешни работи, а поддржани и во соработка со националните служби за одговор при итни ситуации и вонредни состојби предизвикани од дејствија на незаконско постапување, беше симулирана вонредна состојба со пратка од висока вредност, заложници и експлозија со импровизирана експлозивна направа, проследена со пожар во затворен простор во приемниот магацин при Карго центарот на ТАВ Македонија. Вежбата овозможи реална, практична можност за проценка и евалуација на координацијата за брз одговор и ефективноста на меѓуинституционалната координација меѓу одделите на скопскиот аеродром, Министерството за внатрешни работи, локалните и националните служби за итни ситуации и вонредни состојби и другите засегнати страни и чинители.

Согледувањата добиени од вежбата ќе се искористат за усовршување на програмите за обука, ажурирање на процедурите за итни ситуации и вонредни состојби, дополнително подобрување на безбедноста и обезбедувањето на патниците и персоналот и зајакнување на соработката и координацијата со МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трагедија во кралското семејство на Луксембург: На 22 години почина принцот Фредерик
Следна Статија Наместо во затвор, сакал да замине надвор од државата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Се интервенира на подметнати пожари кај Тиквешко Езеро

Се интервенира на подметнати пожари кои зафатија сериозни и тешко достапни локации на Тиквешко Езеро, информираше кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев,…

August 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за Црната листа на САД: Следуваат уште многу потврди на сето она за кое сме имале сомневање

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање го коментираше ставањето на црната листа на САД, на екс вицепремиерот Артан…

December 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

Орце Ѓорѓиески во убедливо водство во Скопје

Кандидатот на коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиески, води во вториот круг од локалните избори во Град Скопје…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Куртулмуш: Реална цел е трговскиот обрт меѓу Македонија и Турција да достигне две милијарди долари

Претседателот на големото Национално собрание на Турција Нуман Куртулмуш, кој е во прва официјална посета на Македонија, вели дека парламентарната…

December 23, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?