Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Синдикалците утре на протест: Мора да има за работниците!
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Синдикалците утре на протест: Мора да има за работниците!
МАКЕДОНИЈА

Синдикалците утре на протест: Мора да има за работниците!

Објавено April 1, 2025 13:02
Сподели
Сподели

Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот за синдикати на Македонија, кажа дека утре ќе одржат марш со кој ќе бараат подобрен животен стандард за работниците, преку покачување на платите. Упати порака до ВМРО-ДПМНЕ дека истите барања ќе ги има и да зема 60.000 плата, но и ако зема 300.000 денари плата. Маршот ќе започне во 12:05 минути.

Нападите против лицата кои се раководство на Синдикатите здружени во ССМ нема да променат ништо“, рече Трендафилов.

Тој рече дека пред Собранието ќе упатат порака: „Не може да има за пратениците, а не за работниците“.

Пред Стопанската комора, ќе упатат порака: „Подадената рака од работникот денес, може лесно да стане стисната тупаница“

Порака ќе има и до Владата: „Не може да се одлучува за работниците без работниците“.

Според Трендафилов, политиките кои ги водат креаторите на политиките се против работниците.

„Не ги зголемуваат платите, за да овозможат достоинствени плати на работниците, токму на оние од кои тие земаат плата“, додаде Трендафилов.

Притоа, Трендафилов и порача на ВМРО-ДПМНЕ дека му е гајле што ти е мислат за него.

„Работниците да го поддржат ССМ кој е единствен синдикат кој се бори за повисоки плати. Загрижува тоа што 250.000 работници примаат плати до 32.000 денари. 380.000 работници примаат плата под просечната плата. Нечовечкиот однос кон синдикалните претставници е повреда и на меѓународните конвенции на трудот. Дали ако го нема Слободан Трендафилов, дали ако го нема ССМ, сите ќе си жвееме среќно и весело? Владините функционери да ги симнат розевите наочари со кои гледаат во нивните скапи луксузни кабинети“, посочи Трендафилов.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поднесена е иницијатива за смена на Перо Антиќ
Следна Статија Скандал во Франција: Македонска смедеревка продавана како бургундско вино за 250 евра по литар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце

Поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот правец Стенковец-ГП Блаце, во двата правци,…

July 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски нема конкуренција: Лидерот на ВМРО ДПМНЕ до убедливо најголема поддршка

Македонскиот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски убедливо е на првото место на листата на политички лидери во кои…

December 21, 2024
МАКЕДОНИЈА

Арсовска тврди дека добива закани по живот: Мене ќе ме утепаат…

Во гостување на ТВ24 градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, јавно кажа дека имала сериозни закани по нејзиниот живот. -…

May 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

15 отсто од фирмите кои добиле лиценци за изградба, проектирање и надзор на градби не ги исполнуваат условите за работа, рече Николоски

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на прес-конференција соопшти дека во тек е контрола на сите издадени лиценци согласно…

March 21, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?