На 13.06.2026 во 01:30 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода В.К.(24) од Скопје.
По пријава од неговиот 49-годишен татко, кој е полициски службеник, 24-годишниот скопјанец бил уапсен, бидејќи околу 01:00 часот, по кратка расправија во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, му го одзел службениот пиштол и му упатувал закани, но бил спречен од нивен роднина.
