Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Синот на осомничениот за убиството во Охрид: Наместо разбирање има медиумски линч
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Синот на осомничениот за убиството во Охрид: Наместо разбирање има медиумски линч
ХРОНИКА

Синот на осомничениот за убиството во Охрид: Наместо разбирање има медиумски линч

Објавено March 29, 2026 21:53
Сподели
Сподели

Синот на осомничениот анестезиолог  за убиството на Климе од Охрид,се огласи со јавна реакција и апел за воздржаност и почитување на презумпцијата на невиност.

„Во овие исклучително тешки моменти за моето семејство, чувствувам потреба јавно да изразам целосна поддршка за мојот татко, кој со години совесно, чесно и пожртвувано ја извршува својата лекарска професија.

За жал, наместо разбирање и достоинство, сведоци сме на медиумски линч кој е најмалку потребен токму сега, кога поминуваме низ сериозна и чувствителна ситуација. Притоа, неправедно се занемаруваат стотиците луѓе на кои им помогнал, грижата што им ја пружил и животите кои ги спасил.

Брвенчани, тетовчани, но и граѓаните низ цела Македонија многу добро знаат кој е Жарко – не само како доктор, туку и како човек“, напиша тој на социјалните мрежи.

Во полицискиот билтен се наведува дека вчера во 17:20 часот во тетовското село Брвеница, полициски службеници од СВР Тетово, по претходно распишана централна потерница од СВР Охрид, од слобода го лишија Ж.Г. (53) од истото село кој се сомничи за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од кривичниот законик.

Жарко Гроздановски од Брвеница е лицето уапсено под сомнение дека го убил пензионерот Климе Митрески во Охрид, пренесуваат дел од медиумите. Двајцата се познавале од претходно, а Митрески, според неофицијални информации од истрагата, склучил и договор за доживотна издршка со Гроздановски. Токму ова, според првичните информации од истрагата, е причината за Гроздановски да го убие Митрески. Од МВР, досега Гроздановски бил гонет за едно дело – закани преку социјални мрежи.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски: Нема уставни измени без гаранции, ако треба ќе чекаме децении
Следна Статија СДСМ: Мицкоски ја призна изолацијата, со оваа власт Македонија нема да стане членка на ЕУ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Кумановец крвнички ја претепал сопругата, и скршил три ребра

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против 59-годишен кумановец, осомничен дека при вршење семејно насилство тешко ја повредил сопругата. Како…

March 25, 2026
ХРОНИКА

Откопан гробот на Зоки Фаци

Попладнево бил откопан гробот на скоропочинатиот Зоки Фаци. За ова преку својот Фејсбук профил се огласи неговиот пријател Стефан Лазаров,…

March 3, 2025
ХРОНИКА

Јанкулоска ослободена од вина за „Тврдина“, затворски казни за Грујевски, Бошковски и Јакимовски 

Горан Грујевски, Тони Јакимовски, Никола Бошковски и Валентина Симоновска се виновни за случајот „Тврдина“, кој се однесува на уништувањето на…

January 13, 2025
ХРОНИКА

Екс директорот на „Комунална хигиена“ – Сабахадин Рустеми доби кривична

Финансова полиција поднесе кривична пријава против поранешниот в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје Сабахадин Рустеми, против кој има основано…

March 13, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?