Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Синот на пратеничката од „Вреди“ Коџаџику се вработил во М-НАВ, ДУИ реагира зошто не се примени повеќе Албанци
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Синот на пратеничката од „Вреди“ Коџаџику се вработил во М-НАВ, ДУИ реагира зошто не се примени повеќе Албанци
ПОЛИТИКА

Синот на пратеничката од „Вреди“ Коџаџику се вработил во М-НАВ, ДУИ реагира зошто не се примени повеќе Албанци

Објавено August 9, 2025 00:39
Сподели
Сподели

Премтим Коџаџику, синот на пратеничката на владејачката ДУИ, Мерита Коџаџику, ја добил работата „независен советник во кабинетот на директорот за финансии, правни работи и развој“ во М-НАВ, контролата на летање, објави денеска ДУИ.

Од опозициската партија, во соопштение лиферувано само на албански јазик и испратено само до медиумите на албански јазик, реагираат зошто на двата огласа се примени 14 етнички Македонци и двајца Албанци.

Изборот на кандидати беше направен вчера, во процедура што Синдикатот на М-НАВ ја нарече незаконска и спротивна на колективниот договор. Официјалните одлуки за работните места ќе бидат распределени откако ќе завршат изборите.

Според Синдикатот, челниците на Македонска навигација во два наврата не ѝ дозволиле на контролорка, синдикална претставничка, да присуствува на интервјуата за работа на новите вработени. Од Синдикатот велат дека се работи за исмислени работни места кои се делат по партиска линија.

„Директорите ѝ рекоа на претставничката на синдикатот дека, ако сака, може само да погледне и да потврди дека кандидатите влегле на интервју, додека директорите, преку ова, добиле ексклузивна можност да избираат нови вработени. Ние не сме шпиони за да гледаме низ клучалката, туку да потврдиме дека се избрани најдобрите кандидати. Ова е во согласност со Колективниот договор“, изјави вчера Александар Тасевски, претседател на Синдикатот на контрола на летање.

Контролорка од синдикатот во М-НАВ морала преку врата да наслушува додека директорите бирале нови вработени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вучиќ изјави дека ќе бидат распишани вонредни избори
Следна Статија УЕФА ги казни Јамал и Левадовски, а го суспендира тренерот Флик

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Собранието ја констатира оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи

Оставката на вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи денеска беше констатирана во рамките на 104. собраниска седница. Претседателот на Собранието,…

June 10, 2026
ПОЛИТИКА

Герасимовски да одговори, каде отидоа парите за Работнички, прашува Мемов

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија на денешната прес-конференција потенцира дека недомаќинскиот однос на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски…

October 7, 2025
ПОЛИТИКА

Нема веќе казина до училишта: Донесен новиот Закон за игри на среќа

Собранието на денешната 109. седница го усвои новиот Закон за игрите на среќа и забавните игри, ја продолжи кризна состојба…

June 29, 2026
ПОЛИТИКА

Василевска: Македонија ќе биде пример за реформи

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Иванка Василевска, на денешната прес-конференција упати критики до опозициската СДСМ, обвинувајќи ја партијата за лицемерство…

June 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?