Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Син на обвинителка вмешан во шверц на луксузни автомобили
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Син на обвинителка вмешан во шверц на луксузни автомобили
ХРОНИКА

Син на обвинителка вмешан во шверц на луксузни автомобили

Објавено October 15, 2025 17:43
Сподели
Сподели

Еден од петтемина осомничени за шверц на луксузни автомобили за и Јавното обвинителство пред неколку дена соопшти дека повело постапки, е син на обвинителка од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, пишува Мкд.мк.

Станува збор за А.К., син на обвинителката Енгелуше Кадриу Леши, кој сега е вработен во Агенцијата за разузнавање. Плусинфо дознава дека А.К. претходно бил истражител во Специјалното јавно обвинителство (СЈО) заедно со Арафат Муареми Артан Ајро.

За тројцата од осомничените, кои се дел од постапката, побарана е мерка притвор, но тоа не е случај со синот на обвинителката и неговиот колега, кои се осомничени за фалсификување службена исправа. За нив не е побарана таква мерка.

За овој случај од ОЈО за МКД.мк одговориле дека обвинителот постапува според доказите и дејствијата на осомничените, без разлика на евентуалните семејни или други релации.

„Во конкретниот случај, како што претходно известивме, постапка е поведена против вкупно 5 лица од кои три се осомничени за кривични дела криумчарење и фалсификување исправи и за сите нив беше побарана мерка притвор. За двете службени лица кои се осомничени за дело фалсификување службена исправа, дело кое се гони во скратена постапка, не беа исполнети законските основи да се бараат мерки за обезбедување. Двете лица се достапни во досегашниот тек на постапката, беше извршен претрес во нивните домови и веќе дадоа исказ пред јавен обвинител во својство на осомничени“, се вели во одговорот од ОЈО до МКД.мк.

За случајот се огласи и Министерството за внатрешни работи, потврдувајќи дека МВР до ОЈО поднело кривични пријави против лицата Д.К., Г.С. и С.С. за кривични дела криумчарење и Фалсификување исправи. Под сомненија за кривично дело – Фалсификување службена исправа пријава е поднесена и против А.К и А.Ш. службени лица кои во времето на извршување на дејствијата биле вработени во управните служби на МВР.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Хорор во Полска: Жена која исчезна пред 27 години е пронајдена во соба на станот на родителите
Следна Статија Мицкоски по средбата со Фон дер Лајен: Државата очекува јасна посветеност од ЕУ, како потврда на европската перспектива и поддршка за граѓаните

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Малолетник на „Партизанска“ со нож избоде 17-годишно момче по расправија

16-годишен малолетник заработи кривична пријава откако на булеварот Партизански одреди во Скопје со нож прободел 17-годишно момче. Инцидентот се случил…

June 27, 2025
ХРОНИКА

Во прекин сообраќајот на регионалниот пат Струмица – Радовиш

АМСМ информира дека на 01.11.2025 година од 14:46 часот, на магистралниот пат Струмица – Радовиш, сообраќајот е во прекин и…

November 1, 2025
ХРОНИКА

Опасноста од „Тик-Ток“ предизвикот „Супермен“: 11 деца хоспитализирани во Скопје

Во последните четири дена, најмалку 11 деца во Скопје завршиле во болница поради повреди поврзани со „Тик-Ток“ предизвикот „Супермен“. Најмладиот…

December 5, 2024
ХРОНИКА

МВР: Расчистено убиството во Старата скопска чаршија, лишен од слобода осомничениот во Косово

Осомничениот за убиството на 22-годишниот турски државјанин Ахмет Мерт Доган пред угостителски објект во Старата скопска чаршија за време на…

January 2, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?