Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Сите ние сме Росица“ – Протест против насилството врз жените – се бара институционална одговорност и санкции
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > „Сите ние сме Росица“ – Протест против насилството врз жените – се бара институционална одговорност и санкции
МАКЕДОНИЈА

„Сите ние сме Росица“ – Протест против насилството врз жените – се бара институционална одговорност и санкции

Објавено September 18, 2025 21:37
Сподели
Сподели

Се случи уште еден фемицид и сите надлежни институции кои со години игнорираат, минимизираат, релативизираат, поттикнуваат и дозволуваат континуирано насилство врз жените се виновни. И полицијата, центрите за социјална работа, обвинителството и судовите. Виновен е и образовниот систем, кој место да промовира родова еднаквост, солидарност и емпатија и да осудува родово базирано насилство, со својот пристап директно придонесува кон креирање на сексисти и насилници.

Ова го изјави Калиа Димитрова од феминистичкиот портал „Медуза“ пред Министерството за внатрешни работи, од каде вечерва почна протест по случајот со двојното убиство и самоубиство во Велес. На 15 септември 2025 година Р.К. (31) од Велес беше убиена од нејзиниот поранешен партнер И.С (39) од Скопје, кого неколку пати го пријавувала за насилство. Организатор на протестот е Хелсиншкиот комитет за човекови права,

Според Димитрова, покрај страшната некоординарност и затајувањето на институциите надлежни за справување со насилството врз жените, кон фемицидите предизвикуваат и молкот, стигмата, срамот и немањето чувство за колективна одговорност.

– Ова е заеднички проблем, затоа оваа смрт е резултат на институционална и социјална негрижа. Ова не е изолиран случај, туку резултат на секојдневие кое ги дехуминизира жените. Изборот да му се верува на насилникот, место на жртвата директно придонесува на ескалација на насилство – рече Димитрова.

Росица, како што рече, немаше да биде убиена доколку се постапувало според професионални ингеренции и попишани протоколи.

– Доколку криците за помош беа слушнати, а реакациите навремени и доколку сите претходни пријави против нејзиниот убиец од негови претходни жртви беа сфатени сериозно. Каде се тие пријави? Постапил некој по нив или се дозволило листата на жртви да расте?, изјави Димитрова.

Посочи дека во изминатите пет години починале најмалку 20 жени како кулминација на повторени епизоди на родово базирано насилство.

Марта Стевковска од мрежата „Стела“ изјави дека бараат институционална одговорност и санкции, оставки на одговорни службени лица и покренување дисциплински постапки против полицајци, обвинители, судии и центри за социјална работа кои не постапиле по пријавите за насилство и закани во овој и слични случаи. Бараат формирање независна истрага за институционалните пропусти во случајот.

Учесниците извикуваа „Ниту една повеќе!“ и носеа транспренти на кои беше испишано „Од непостапување – до погребување“, „Направете специјална полициска единица која веднаш ќе реагира по пријава“, „Сите ние сме Росица“… Протестот заврши кај паркот „Жена борец“.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Жените во Македонија, но и во светот, помалку платени од мажите
Следна Статија Македонска делегација во посета на „Ада Тепе“ во Бугарија – пример за одржливо и еколошки одговорно рударство

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(Видео) Градскиот совет на Перт осветлен во боите на македонското знаме

Градскиот совет на Перт го осветли Домот на Советот со македонското знаме во знак на сеќавање на изгубените животи во…

March 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Скопје трет најзагаден град во Европа, 23-ти во светот

Скопје се наоѓа на 23-то место според аерозагаденоста на светско ниво, и е трет по загаденост на воздухот во Европа…

January 5, 2025
МАКЕДОНИЈА

И со новиот закон, бесплатни учебници на пет јазици

Новиот Закон за учебници во основно и средно образование ја уредува подготовката, изборот, одобрувањето, издавањето и повлекувањето од употреба на…

January 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Павел четири пати се вратил да спасува другари во „Пулс“, не успеал да се спаси самиот себе

Павел Христов, роден 2004 година, е уште еден тивок херој од трагедијата во Кочани за кој јавноста треба многу погласно…

March 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?