Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сите пациенти се во стабилна и добра состојба, тројца пуштени дома, утре се планира да бидат испишани уште тројца
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сите пациенти се во стабилна и добра состојба, тројца пуштени дома, утре се планира да бидат испишани уште тројца
МАКЕДОНИЈА

Сите пациенти се во стабилна и добра состојба, тројца пуштени дома, утре се планира да бидат испишани уште тројца

Објавено March 20, 2025 10:43
Сподели
Сподели

Сите пациенти кои се лекуваат тука и надвор од државата се во стабилна и добра состојба, повеќето се подобруваат, а од вкупно 20 критични, 10 се потешки, но и тие се стабилни, надвор од животна опасност, изјави денеска министерот за здравство Арбен Таравари на прес-конференцијата пред Ургентниот центар во Скопје.

Во дискотека во Кочани, утрото рано, на 16 март загинаа 59 лица, главно на возраст од 14 до 25 години, а 178 беа повредени. Денеска во Штип, Кочани, Облешево, Виница, Струмица, Скопје и Македонска Каменица се погребуваат загинатите во трагедијата во дискотеката „Пулс“.

Како што изјави Таравари, во државава се лекуваат 72 пациента, а надвор 101. Од оние што се лекуваат во земјава, тројца се вчера веќе испишани, а утре се планира да бидат испишани уште три.

Од идната недела се надевам ќе ве известуваме за тоа колку пациенти го продолжуваат лекувањето дома и за такви што ќе се враќаат од странските држави – истакна Таравари.

Според него, од пациентите во државава, 34 се на Клинички центар, 15 се во ГОБ „8 Септември“, во Градската општа болница се хоспитализирани 11, а во Штип е еден пациент. Од приватните клиники, во „Сиситина“ се згрижени 7 пациенти и во „Жан Митрев“ 4.

Надвор се 101 пациент, вчера се испратени помал број пациенти, денеска има понуди од повеќе држави, но ќе видиме, можеби максимум 10 да се испратат, а можеби и не – рече Таравари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија „Кај еден пациент има подобрување, но претстои голема борба за закрепнување“, се огласија од ВМА во Белград
Следна Статија Во Софија илјадници луѓе оддадоа почит кон загинатите во Кочани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Деспотовски демантира дека е приведен

Екс директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски попладнево ги демантира објавите дека е приведен. „Во врска со информациите кои се појавија…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за демографијата: Создавањето семејство е патриотски чин и денес така се брани иднината на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски во следниот период најавува поробусни акции со коишто ќе се подобри демографската слика на земјата и тоа…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Болката е преголема, не е за ситни политички поени, темата да ја оставиме на политичките глодари и лешинари, кажа Мицкоски за трагедијата во Кочани

Ве молам болката е преголема, се уште сите ја чувствуваме. Ве молам таа тема да ја оставиме на политичките глодари…

July 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Бигорски манастир: Да го прифатиме намалувањето на цените во празничните денови како општествена кауза

По повод двата најголеми христијански празници, Рождество Христово-Божиќ и Христовото воскресение – Велигден, Свештената бигорска Обител, секоја година се обраќа…

December 25, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?