Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сити аутсорсинг по обвинувањата од СДСМ: Посоченото лице нема врска со нашата компанија, ова е политичка прсметка врз наш грб
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сити аутсорсинг по обвинувањата од СДСМ: Посоченото лице нема врска со нашата компанија, ова е политичка прсметка врз наш грб
МАКЕДОНИЈА

Сити аутсорсинг по обвинувањата од СДСМ: Посоченото лице нема врска со нашата компанија, ова е политичка прсметка врз наш грб

Објавено December 6, 2025 12:59
Сподели
Сподели

Сити Аутсорсинг како компанија која повеќе години успешно работи на пазарот, со над 70 вработени и со целосно, редовно подмирување на сите законски обврски кон државата и вработените, изразува длабока загриженост и разочараност од обидите да се наруши угледот и интегритетот на компанијата, се вели во соопштението на комапнијата која денеска беше посочена од СДСМ за наводна вмешаност во незаконски активности, поврзувајќи го и директорот на СОЗР, Ивица Томовски, со тоа.

Без да навлегуваме во политички пресметки или дневно-политички наративи, категорично ги демантираме сите изнесени наводи со кои се поврзува споменато лице со нашата компанија. Истото лице нема никаква деловна, кадровска или друга поврзаност со „Сити Аутсорсинг“.
Компанијата од своето основање до денес бележи континуиран и стабилен раст, резултат на професионално, одговорно и законито работење. Дополнително, дел од овој раст произлегува од затворањето на две други компании на пазарот, што создаде можност за преземање дел од нивните претходни обврски и клиенти.
Сити Аутсорсинг останува посветена на транспарентност, чесна деловна пракса и поддршка на своите вработени, клиенти и деловни партнери“, се вели во соопштението на компанијата.

Претходно реагиташе и Томовски. Тој истакна дека очигледна е намерата по секоја цена на партијата која е во пропаѓање да обвинува, клевети и жигосува. Во неговата реакција стои:

Тоа е нивниот стил, но и единствената сламка за спас. Додека тие зборат за некаков криминал, тие што вистински се тоа, од Дубаи нарачуваат и пишуваат клеветнички прес конференции. Така тоа изгледа кога крадецот вели држете го крадецот. И сакаат да се заборави на златните визи на Филипче, Заев, за модуларната болница, Соравија, плантажите за марихуана.

Тоа беше нивното „владеење“ – период на пропаѓање што остави длабоки последици врз општеството и врз довербата во институциите.

Но денес ги гледаме нивните соопштенија – безобразни, малициозни, полни со клевети и измислици. Тој нивен примитивен стил не е политика, туку обид со гнасни конструкции да се прикрие сопствениот очај. Да се прикрие неспособноста која ја видовме седум години. Да се прикријат предавствата што им ги направија на граѓаните. Да се прикрие корупцијата која го изеде секој сегмент од државата — од пасоши до тендери, од енергетика до здравство, од локални до централни институции.

Нема со гнасни соопштенија да покријат дека токму тие ги уништија македонските институции.

А вистината за случајот е следна. Посочената компанија не е моја, ниту пак имам било каков удел во нејзе. Јас во моментов немам никаква приватна компанија и единствено сум насочен кон мојата работа како директор на Службата за општи и заеднички работи. Целиот мој живот работам чесно, одговорно и посветено, така и ќе продолжам.

СДС ќе мора да се извини поради изнесените клевети, во спротивно ќе поднесам тужба пред надлежните органи.

Власта е одговорност и таму не се доаѓа со пазарџиски финти, клевети. Очигледно тоа е нивната понуда, а народот ќе суди, впрочем како што им пресуди на последните избори.

Слободно сите можни институции да проверат сè, а искрено од СДСМ не очекувам извинување затоа што за извинување потребна е доблест и морал, а тоа одамна видовме дека го немаат, истакна Томовски

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Конгресот бара одговорност за задоцнувањата на НАСА пред предизвикот на Кина
Следна Статија Размислувања за Go, Rust и Zig: Компаративна анализа на модерни програмски јазици

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Потпишани договорите од вториот повик: Со околу 14 милијарди денари ќе се финансираат инфраструктурни проекти во општините

Во Владата денеска се потпишани договорите со општините кои аплицираа и беа избрани на вториот повик за финансирање на инфраструктурни…

July 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

(Видео)„Цунами од ѓубре во Вардар“! Млади британски туристи не можеа да го продолжат пловењето по реката

Млади туристи од Британија останаа комплетно изненадени по нивната авантура пловејќи по Вардар. На потегот од Желино кон Гостивар пловењето…

August 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

МВР со детали: Поткопан е темелот на куќата на Владо Малески

Се огласи полицијата по случајот со уривањето на дел од спомен-куќата на Владо Малески, авторот на текстот на македонската химна.…

October 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Инспекторатот за животна средина изврши вонреден надзор во биогасната централа „Вардар биопроцес“

Државниот инспекторат за животна средина наложи дополнителни проверки во биогасната централа „Вардар Биопроцес“ кај Градско, откако граѓаните со месеци се…

August 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?