Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сијарто: Европската политичка елита не е заинтересирана за мир во Украина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Сијарто: Европската политичка елита не е заинтересирана за мир во Украина
СВЕТ

Сијарто: Европската политичка елита не е заинтересирана за мир во Украина

Објавено December 16, 2025 15:27
Сподели
Сподели

Европската политичка елита изгледа категорично е незаинтересирана за мир во Украина и треба да се направи се што е возможно за да не биде поткопано едно дипломатско решение, изјави шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто во поткастот „Час на вистината“.

Тој наведе дека либералните европски политичари се обземени од воен фанатизам.

Сијарто тврди дека на последната средба на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, западноевропските, северните и балтичките држави зборувале за подготовки за непријателски односи со Русија дури и ако се постигне мир.

Тој посочи дека е возменирен од обидите на европските држави да се мешаат во дипломатските напори помеѓу САД и Русија.

– Се надевам дека разговорите помеѓу САД и Русија ќе бидат посилни од европските обиди да ги поткопаат истите. Од тоа зависи мирот, посочи Сијарто.

Тој додаде дека на вчерашниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ станало јасно дека некои политичари се подготвени да ги прекршат правилата на ЕУ со користење на замрзнати руски средства за финансирање на Украина.

Сијарто потенцира дека таквите дејствија се против интересите на Унгарија и оти неговата земја не е подготвена да ги троши парите на унгарските граѓани за Украина.

Според него „една од најдрските лаги во европската политичка историја“ е тврдењето дека Украина се бори за Европа.

– Украина се бори за себе … херојски и против многу поголема земја и воена сила … Но, Европејците немаат морални или правни обврски кон оваа борба. Европа и трансатлантската заедница можат да се одбранат затоа што го имаме НАТО – најефикасниот, најсилниот и најголемиот одбранбен сојуз во историјата на човештвото, наведе Сијарто.

Тој потенцира дека 58 проценти од увозот на гас во Украина и 44 отсто од увозот на електрична енергија минуваат низ унгарска територија.

– Додека многу европски земји зборуваат за поддршка на Украина, Унгарија најмногу придонесува за да се обезбеди украинските семејства да не се смрзнуваат и да имаат електрична енергија и топла вода, истакна Сијарто.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Акушерки од Македонија совладуваа напредни вештини за природно породување во Грција
Следна Статија Осуденик пронајден починат во Затворот Штип

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Eдна војна помалку во светот: Што содржи договорот меѓу Израел и Хамас

Израел и Хамас се согласија за прекин на огнот во Газа и договор за ослободување на заложниците по 15 месеци…

January 16, 2025
СВЕТ

Иранскиот претседател бил повреден за време на војната со Израел

Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан за малку избегнал смрт за време на 12-дневната војна со Израел, пренесе ДПА, повикувајќи се на…

July 13, 2025

Трамп прети со 200% царина на француски вина додека Макрон наводно го одбива местото во ‘Советот за мир’

Трамп повторно истакна планови за контрола на Гренланд, велејќи дека европските лидери нема премногу да се спротивстават.

January 21, 2026
СВЕТ

Убиената германска писателка Александра Фрилих

58-годишната Александра Филих, чии романи беа меѓу најпродаваните во Германија, беше пронајдена мртва во вторник наутро, соопштија истражните органи. Истрага…

April 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?