Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова во Њујорк: Време е кормилото на ОН да му го довериме на жена
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова во Њујорк: Време е кормилото на ОН да му го довериме на жена
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова во Њујорк: Време е кормилото на ОН да му го довериме на жена

Објавено September 23, 2025 08:24
Сподели
Сподели

Во рамки на учеството на 80. Генерално собрание на Обединетите нации во Њујорк, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на состанок на високо ниво по повод 30-годишнината од Четвртата светска конференција за жените.

Во своето обраќање, Сиљановска-Давкова истакна дека иако Пекиншката декларација останува темел на борбата за родова еднаквост, напредокот е нееднаков, кревок и често реверзибилен.

„Насилството врз жените останува неказнето, фемицидот ја осквернува светоста на животот, а жените сè уште се соочуваат со бариери во пристапот до ресурси, лидерство и одлучување,“ рече таа.

Претседателката посочи и на кризата во Обединетите нации, институција основана за заштита на мирот, а денес исправена пред бројни конфликти низ светот. Таа апелираше на храбро лидерство од жени, велејќи:„Ако сме сериозни во врска со мирот, време е да го довериме кормилото на ОН на жена.“

Во нејзиниот говор таа подвлече дека родовата еднаквост не е феминистичка привилегија, туку хуманистички императив, потенцирајќи дека жените се носители на исцелување, сочувство и надеж.

Учесниците на состанокот ја потврдија потребата од посветеност, конкретни политики и ресурси за реализација на визијата од Пекинг и за создавање праведни и просперитетни општества.

Пекиншката декларација, како што потсети Сиљановска-Давкова, повикува на еднакви права и пристап за сите – жени и мажи, девојчиња и момчиња – и тој повик, рече таа, останува ургентен и денес

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Герасимовски чистеше со хигиеничарите на повеќе локации низ Центар: Се надевам дека градската власт ќе се свести
Следна Статија ВМРО-ДПМНЕ: По Апасиев, Мециновиќ и Мојсоска, дали и Крмов бил сметководител на партијата Левица?

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Српче прави партија: Српска демократска лига

Поранешниот градоначалник на Центар Саша Богдановиќ ќе прави нова партија. Ќе носи име Српска демократска лига и ќе има за…

March 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Таравари: 10 пациенти ќе бидат пуштени од болница 

Министерот за здравство Арбен Таравари денеска на прес конференција по состанокот со Кризниот штаб, информираше дека моментално се лекуваат 162…

March 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во недела нема да се гласа во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Центар Жупа

Поради недоволен цензус на првиот круг од локалните избори, во четири општини – Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и…

October 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Повеќе општини пријавиле штети како последица од невремето попладнево

Како резултат на поројниот дожд кој го зафати подрачјето на Македонија, во повеќе општини има пријавено штети. РЦУК – Скопје,…

June 27, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?