Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување на девет амбасадори од должноста
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување на девет амбасадори од должноста
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова ги потпиша указите за отповикување на девет амбасадори од должноста

Објавено March 10, 2025 11:35
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги потпиша указите со кои се отповикуваат осум амбасадори од должноста, бидејќи заминале на тие позиции без да ја исполнат законската обврска пред работното тело на Собранието.

Во согласност со донесените укази, се отповикуваат: Јакуп Реџепи од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Босна и Херцеговина, со седиште во Сараево, Џенк Сејфула од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Кралството Шведска, со седиште во Стокхолм, Методија Белевски од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Кралството Белгија и од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор за Големото Војводство Луксембург, со седиште во Брисел, Агнеза Руси Поповска од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Република Бугарија, со седиште во Софија, Емил Крстески од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Чешката Република, со седиште во Прага, Пајо Авировиќ од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор и шеф на Постојаната мисија при Меѓународните организации, со седиште во Виена, Зеќир Рамчиловиќ од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Црна Гора, со седиште во Подгорица и Катерина Ставреска од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска, со седиште во Лондон.

Како што соопшти Кабинетот на Сиљановска-Давкова, амбасадорите кои се именуваат законски се обврзани пред да бидат назначени да ги презентираат своите согледувања за односите со државата на приемот или меѓународната организација пред работното тело на Собранието, надлежно за надворешна политика, а осуммина од деветте отповикани не го направиле тоа. Една амбасадорка се отповикува во редовна постапка поради завршување на мандатот.

Претседателката Сиљановска-Давкова донесе и Указ за отповикување во редовна постапка на Светлана Гелева од должноста вонреден и ополномоштен амбасадор и постојан претставник при Советот на Европа, со седиште во Стразбур, поради завршување на мандатот.

Во согласност со донесените укази, должноста на амбасадорите им престанува на 30 април 2025 година. 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Десетте најбогати луѓе во светот изгубија вкупно 140 милијарди долари во февруари
Следна Статија (Видео) Аталанта среде Торино му одржа час по фудбал на Јувентус

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Дефектот е отстранет: Бројот 192 повторно е во функција

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека дефектот на линијата 192 е отстранет и истата функционира нормално. Имено, бројот…

June 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје

СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека на 04.02.2025 (вторник) од 06.00 часот поради најавен настан за организирано чествување…

February 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Реконструкција на загинувањето на Гоце Делчев: Последниот пат од Солун до Баница

Како одела линијата на движење на Гоце од Солун кон селото Баница. Реконструкција на неговите последни денови, со кого се…

May 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави реакција по забраната за влез на Менкиновски во Бугарија

Премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, најави дека ќе стапи во контакт со адвокатот Тони Менкиновски за подетално да се информира…

March 8, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?