Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова за смената на Коцевски: Политички одговорно е да се остави органот да работи
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова за смената на Коцевски: Политички одговорно е да се остави органот да работи
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова за смената на Коцевски: Политички одговорно е да се остави органот да работи

Објавено May 5, 2025 17:41
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во врска со смената на Републичкиот обвинител, Љупчо Коцевски, изјави дека во моментов е најважно да се остави Обвинителството да работи и да се справи со трагедијата која, како што рече, „ги засега сите граѓани“.

– Мислам дека тоа е политички одговорно. Замислете ако вие после трагедија што цел живот ќе ја носиме, трагедија за која ни треба толеранција и единство за да се справиме, сега продолжите со барањето за оставка на јавниот обвинител, тогаш само ќе се комплицираат работите. Треба органот сега да се остави да работи и јас колку што гледам, постапува, рече таа..

Претседателката дополни дека и таа, како што рече имала критички забелешки и не се откажува од нив.

– Но, мислам дека во моментов е најважно секој да си ја врши својата функција и надлежност, зошто, за да можеме да се справиме со проблемот што нѐ засега сите, трагедијата нѐ засега сите. Затоа, дури и во процесуирањето на одговорните, треба многу да внимаваме, изјави Сиљановска Давкова по Свечената академија по повод 80-годишнината од кодификацијата на македонскиот стандарден јазик, што се одржа денеска во МАНУ.

По трагедијата што се случи во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 62 лица, премиерот Христијан Мицкоски најави запирање на постапката за разрешување на јавниот обвинител, Љупчо Коцевски, со оглед на обемната истрага која што се води во врска со случајот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дијабетичарите во Македонија немаат доволно инсулински пумпи
Следна Статија Заврши средбата Мицкоски-Таравари: До крајот на мај ќе се знае иднината за функционирањето на АА во Владата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Андовска за аферата „Мазут“: Малку е доживотен затвор и конфискација, ама немаме смртна казна

Професорката и декан на Факултетот за музичка уметност во Скопје, Дарија Андовска, ја коментира аферата „Мазут“. Ај што пепел направиле…

March 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до пријателските држави за помошта за Кочани

Благодарност од претседателката Сиљановска-Давкова до пријателските држави што пружија помош по трагедијата во Кочани. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во име на…

April 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Само Филипче и СДСМ сакаат уставни измени

СДСМ се познати по тоа што секогаш кога биле на власт, носеле одлуки спротивни на волјата на народот. На чело…

June 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ФOTO) Се огласи сестрата на Тоше, бела торта со ангелски крилја

Во чест на 44 - роденденот на својот трагично загинат брат, Тоше Проески денеска се огласи неговата сестра Дора Бела…

January 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?