Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова имала пријатен разговор со Жељазков во Хаг, но е изненадена од амандманите на бугарските европратеници на извештајот на Вајц
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова имала пријатен разговор со Жељазков во Хаг, но е изненадена од амандманите на бугарските европратеници на извештајот на Вајц
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова имала пријатен разговор со Жељазков во Хаг, но е изненадена од амандманите на бугарските европратеници на извештајот на Вајц

Објавено June 25, 2025 12:33
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова е изненадена од најавите за поднесување нови амандмани од бугарските европратеници на извештајот на Вајц за напредокот на земјава што беше усвоен на вчерашниот состанок на АФЕТ и вели дека синоќа пред вечерата што ја организираше холандскиот крал Вилем-Александер во Хаг во рамките на Самитот на НАТО имала пријатен протоколарен пријателски разговор со бугарскиот премиер Росен Жељазков.

Имав пријатен разговор со премиерот на Бугарија. Разговаравме за нужноста од меѓусебно разбирање, да се почитуваме, за потребата да го следиме духот на двата народа, за да помагаме и за потребата кој е веќе внатре да му помогне на оној кој оди кон ЕУ. Верувам во потребата од пријателство, верувам дека ќе се случи и мислам дека тоа е нешто неминовно. Не можам однапред да предвидам, но од она што го видов вчера гарантира дека низ дебата ќе дојдеме до единство, посочи Сиљановска-Давкова пред денешниот состанок на Советот на НАТО во Хаг.

Вели дека е изненаден од карактерот на поднесените амандмани од бугарските европарламентарци што се однесуваат на нацијата и јазикот.

Како професорка не знам што значи „модерен“, не постојат, предмодерни, модерни и постмодерни нации и јазици. Сите нации настанале во втората полвина на 18 век и во 19 век, па и нашата. Да поднесувате амандмани за идентитетските прашања, а тие се ад акта за разговор бидејќи и договорот за ЕУ и Лисабонскиот договор и Повелбата за фундамнтални права гарантираат почитување на националниот и на клутурниот идентитет и различност, посочи Сиљновска-Давкова и додаде дека за тие прашања не се разговара.

Очекувам, потенцира, разбирање од нашите први соседи, пријателски однос и мислам дека ќе дојде до тоа.

Нагласи дека вечера кај холандскиот крал Вилем-Александер помина сосема во ред во „умно и интересно друштво“.

Разговаравме за сериозни прашања – за мирот и за единството кое е толку потребно за да дојдеме до конечен „кант оф ластинг пис“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Иранско-израелскиот прекин на огнот се почитува, претставник на Трамп вели дека разговорите со Иран се „ветувачки“
Следна Статија Мицкоски: Над 200 милиони евра инвестиции во македонското здравство 

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

МЖСПП: Во Трубарево нема надминување на граничните вредности на ПМ честички

Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека беа спроведени мерења на квалитетот на воздухот во Трубарево во два…

September 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Евакуирани сите жители од Мавровско Леуново

Сите жители на Мавровско Леуново се евакуирани поради неповолните услови, соопштија надлежните служби. Евакуацијата е успешно спроведена, а службите кои…

December 1, 2024
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Пожарот на Јабланица локализиран

На територијата на државата денеска регистрирани се три пожари на отворено, меѓу кои и пожарот на планината Јабланица, кој е…

March 14, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Оваа година ќе биде година на напредок

„Би сакал да ја искористам оваа можност и на сите православни христијани да им го честитам Христовото раѓање, изјави претседателот…

January 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?