Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска – Давкова: Корисењето на владиниот авион во одредени случаи е порационално и поевтино решение
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска – Давкова: Корисењето на владиниот авион во одредени случаи е порационално и поевтино решение
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска – Давкова: Корисењето на владиниот авион во одредени случаи е порационално и поевтино решение

Објавено February 19, 2026 14:04
Сподели
Сподели

Користењето владин авион овозможува функционално извршување на државна работа, но е и поевтино од комерцијален лет, смета македонската претседателка Горданa Сиљановска Давкова.

Според неа, би било добро да се има понов, поголем и побезбеден авион, со кој повеќе лица од делегацијата би можеле да отпатуваат и да се вратат, а во кој исто така би можело да има и новинари кои би ја проследиле посетата.

– Што да кажам? Ајде, да ве насмеам. Владиното авионче, моите колеги претседатели во регионот го нарекуваат авиончето на браќата Рајт, бидејќи е најмалo и најстарo. Јас можам да кажам за мене, употребата на владиното авионче понекогаш овозможува функционално извршување на државна работа, а е и поевтино од користењето на комерцијален лет. Па, сега не е многу пријатно и самата кажувам дека секогаш имам дилема кога немам друг избор, бидејќи знам дека е старо дваесет и пет години, а е купено на старo, рече претседателката во одговор на новинарско прашање по завршување на настанот за одбележување на мајчиниот јазик.

Таа додава дека неjзините колеги претседатели сметаат оти е многу порационално и многу поевтино да се има поголем авион, од, како што истакна, нашето најмало авионче, бидејќи тогаш со еден лет ќе може повеќемина да одат и да се вратат кога сакаат.

– А и ни замеруваат и јас знам дека тоа е мој голем хенгдикеп што со нас нема новинари, а со нив има и новинари. Новинарите понекогаш доаѓаат со нив, рече претседателката Сиљановска – Давкова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Полицаец возел без дозвола: Го пратиле на психијатрија
Следна Статија Собранието ги усвои измените на Законот за постапување со бесправно изградени објекти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Истрагата за пожарот во Кочани е во исклучително важна фаза, нема никаква селективност досега, нема да има ни понатаму

Јавните обвинители кои работат на истрагата за пожарот во Кочани, во моментов сослушуваат сведоци и оштетени лица кои знаат нешто…

May 8, 2025
МАКЕДОНИЈА

Арсовска повторно „лови“ дивоградби, го повика Ганиу да дојде и да и се закани во лице ако бил „маж“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска повторно се вклучи во живо од терен во Чаир, каде ги „лови“ нелегалните градби на,…

May 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

ИРЛ: Од грчкиот јаглен што горел во Македонија, парите „исчадиле“ кај Вице Заев во Бугарија

Сè уште незакрепнати од ковид-пандемијата, која силно ги погоди европските држави, континентот во 2022 година се соочи со нова незамислива криза – војна во…

June 3, 2025
МАКЕДОНИЈА

Да лицитираше Бујар со откажување од криминалот на својата партија како што лицитира со македонскиот идентитет, државата ќе беше веќе во ЕУ

Што има против Бујар Османи од сојузништвата со Америка и Британија?,праша ВМРО-ДПМНЕ. Никој не се откажува од ЕУ патот, ниту…

May 22, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?