Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: Мислам дека се движиме добро
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Сиљановска-Давкова: Мислам дека се движиме добро
ПОЛИТИКА

Сиљановска-Давкова: Мислам дека се движиме добро

Објавено July 17, 2026 09:02
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва оцени дека државата се движи добро и е пофункционална во многу области за разлика пред две години. Она на што треба да се работи, според претседателката, се борбата против корупцијата и криминалот и партизацијата.

– Мислам дека се движиме добро. Сигурно е пофункционална од она што беше во многу области бидејќи, ако напредувате со планот за раст, пакетот на закони за судството е донесен, само што треба да се реализира. Има некои проблеми. Доаѓа до промени, но треба да помине време. Тоа не можете со потег на перо со еден закон – рече Сиљановска Давкова во својата оценка за државата дали се движи во вистинска насока во вечерашното интервју за телевизија „Канал 5“.

Потенцира дека најголемите проблеми сѐ уште остануваат корупцијата, криминалот и партизацијата во државата.

– Нашата најголема болка беа и останаа корупцијата и криминалот. Тоа е факт. Партизацијата и политизацијата сѐ уште се силни. Каде што има партизација и политизација, лесно успева корупција и криминал. Нам ни требаат силни институции и слаби поединци бидејќи институционално треба да се решаваат проблемите. Јас сум просто шокирана од некои сознанија. Кога ќе видите што се случувало во некои институции, сега ова што е со СОЗР, да речеме, или да не кажувам, со некои министерства, да потсетам. Замислете вие да не одите на работа, а да примате плата.  Време треба за тоа – рече таа.

Претседателката на државата потенцира дека најприоритетно треба да се дејствува во однос на заштита на најслабите, да се спроведуваат реформите и да се посвети внимание на економскиот развој.

– Прво, да се заштитат најслабите, бидејќи се соочуваме постојано со криза. Значи, домаќински да се управува, да може да се преживее на некој начин. Второ, сериозно да се зафатиме со битката со корупцијата и криминалот. Како? Со спроведување на тие решенија, ако на право место се најдат прави луѓе, ако е тоа преку конкурс. Со БДП, инфлацијата да биде под контрола, но најважно проектите со Европската Унија да се одвиваат реформски бидејќи тие нѐ држат во кондиција затоа што парите се врзани за резултатите и на тој начин ние добиваме и позитивни решенија и резултати. Развојот на економијата е важен. Понатаму, да видиме со реформираната влада како ќе се одвиваат работите. Меѓутоа, да ги пополниме амбасадите, онаму каде што е најпотребно. Најважно е парламентот да функционира и да ја насочи енергијата кон носење вистински закони, кон контрола на Владата, кон влијание, кон соработка со невладиниот сектор – изјави претседателката.

Сиљановска-Давкова со порака и до параментарните партии – сите прашања да ги решаваат во парламентот и преку политички дијалог.

– Ова е крајно невообичаен начин, особено меѓу парламентарните партии, кои сите прашања треба да ги решаваат во парламентот, а не на телевизии и на прес-конференции. Логично е да се обраќаат на прес-конференции вонпарламентарни партии бидејќи не се институционализирани. Меѓутоа, кога имате процес на одлучување внатре и не учествувате таму, проблемот е голем. Треба да има политички дијалог – рече претседателката Давкова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Шкендија едвај до победа
Следна Статија Словенци ќе го судат финалето на СП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Мицкоски: Вториот изборен круг да биде нашата јасна победа, не само во бројки, туку победа во свеста

Нека овој втор круг биде нашата јасна победа, не само во бројки, туку победа во свеста. Да покажеме дека народот…

October 31, 2025
ПОЛИТИКА

Николоски: Владата инвестира над 1 милион евра за решавање отпадни води

Го решаваме деценискиот проблем со отпадните води во Трпејца. Владата преку Министерството за транспорт инвестира над 1 милион евра за…

October 17, 2025
ПОЛИТИКА

Најдоброто за Скопје допрва доаѓа: Орце Ѓорѓиевски најави „генералка” во првите 72 часа од мандатот

Генералка” на Скопје во првите 72 часа од мандатот, најави денеска кандидатот за градоначалник на Град Скопје на ВМРО-ДПМНЕ и…

September 20, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе биде апсолутен победник на локалните избори

Јас сум реален оптимист дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која што ќе ја предводи ќе биде апсолутен победник на локалните избори…

February 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?