Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: Мојата земја, во сè пофрагментиран свет, останува силно посветена на ефективниот мултилатерализам, со ОН во нејзиниот центар
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова: Мојата земја, во сè пофрагментиран свет, останува силно посветена на ефективниот мултилатерализам, со ОН во нејзиниот центар
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Мојата земја, во сè пофрагментиран свет, останува силно посветена на ефективниот мултилатерализам, со ОН во нејзиниот центар

Објавено April 7, 2025 09:41
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со заменичката генерална секретарка на Обединетите Нации, Амина Џ. Мохамед и се обрати пред постојаните координатори на ОН од Европа и од Централна Азија.

Изразувајќи сочувство за трагедијата во Кочани, Мохамед истакна дека од несреќата, за жал, сите научија голема лекција и сфатија дека може секому да му се случи. Според неа најдобрата одлука којашто ја направила државата е што голем дел од повредените биле испратени на лекување во странство. Со ваква голема загуба, посочи таа, ниту една земја не може и не треба да се справува сама.

Разговарајќи за улогата на Обединетите Нации, како организација создадена да го штити мирот, соговорничките се согласија дека по 8 децениско постоење, неопходно е Организацијата да се реформира во согласност со современите мировни и демократски предизвици.

Да градиме почитувано и инспиративно лидерство, да ги облагородиме суровиот реализам и силата со идеализам, со право, етика и морал“, истакна претседателката.

Заменичката генерална секретарка рече дека ОН мора да ги задржат вредностите и принципите на Организацијата и да бидат погласни, со што на сегашните и на идните земји членки ќе им докажат дека има имаат бенефит од членството во ОН.

Осврнувајќи се на процесот на нашата евроинтеграција, заменичката генерална секретарка рече дека е важно ОН да се заложат за нас, како мала земја која неправедно и предолго, чека за влез во ЕУ.

Пред постојаните координатори на ОН од Европа и од Централна Азија, Сиљановска-Давкова истакна дека иако светот претрпе длабока геополитичка, економска, еколошка, демографска и технолошка трансформација, надлежностите, структурите и процедурите на ОН останаа главно непроменети.

Неопходни се суштински реформи што ќе ги направи Генералното собрание и Советот за безбедност полегитимни и подемократски институции во исполнувањето на Повелбата на ОН. Советот за безбедност не може да се бира, да има состав и да одлучува како во 1945 година. Тој мора да се реформира и да стане поодговорен за одржувањето на меѓународниот мир и безбедност. Генералното собрание мора да ја надмине својата дебатна улога и да прерасне во клучно тело во процесот на одлучување и креирање политики. Пресудите на Меѓународниот суд на правдата мора да станат обврзувачки за сите држави“, рече таа.

За неа координаторите на ОН се носители на глобалната совест, поборници и борци за мир, даватели на помош на оние на кои им е најпотребна, носители на надеж во време на очај. Таа им ја изрази и вети нејзината поддршка и додаде: „Како човек којшто го посветил својот живот на правото и правдата, сè уште верувам во потребата од ефективен мултилатерализам со силни, реформирани Обединети Нации“.

Претседателката исто така, ја истакна нашата заложба за интегрирање на Целите за одржлив развој во националната стратегија, фокусирајќи се на климатските активности, еднаквоста и владеењето на правото.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЗНАМ – За наша Македонија: Нема преговори за размена на ресори со нашиот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ
Следна Статија (Видео) Снежна пролет и во Грција: бура во Солун, снег го покри и Халкидики, сцените се нереални

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Правда за Фросина, порачаа илјадници граѓани на масовниот протест за правда и безбедност во Скопје

Илјадници граѓани денеска во Скопје се собраа на мирен протест изразувајќи ја својата поддршка за Фросина Кулакова и сите жртви…

February 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова денес на одбележувањето на 80-годишнината од ослободувањето на Аушвиц

Шефицата на македонската држава Гордана Сиљановска-Давкова денеска ќе престојува во посета на Република Полска, по повод одбележувањето на 80. годишнината…

January 27, 2025
МАКЕДОНИЈА

Камбовски: Судскиот совет разгледува предмети во кои постапувал судијата Ристов

Судскиот совет ги разгледува предметите во кои постапувал апелацискиот судија Ѓоко Ристов, против кого е поднесена кривична пријава откако во…

February 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

ВО ЖИВО: Чествување на големиот празник 2 Август, Денот на Републиката – Илинден во Скопје

Премиерот Христијан Мицкоски ќе положи цвеќе пред споменикот на Никола Карев пред зградата на Собранието. Потоа ќе положи цвеќе и…

August 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?