Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: Нашето членство во НАТО не е само политичка формалност, туку стратегиска определба
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова: Нашето членство во НАТО не е само политичка формалност, туку стратегиска определба
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Нашето членство во НАТО не е само политичка формалност, туку стратегиска определба

Објавено June 3, 2025 08:56
Сподели
Сподели

Претседателката и врховна командантка на македонската армија, Гордана Сиљановска-Давкова на армискиот полигон Криволак присуствуваше и се обрати на воената вежба „Брз одговор 2025“, на која учествуваат повеќе од 2200 војници од 9 држави.

Испишувајќи уште една успешна страница во историјата на македонската армија, со вежбата, истакна таа – државата ја потврди својата определба да биде со земјите коишто го штитат мирот како врвен цивилизациски идеал. Додаде дека оваа вежба не е само демонстрација на воена моќ, туку манифест на солидарност, симбол на единството и потсетник дека само заедно можеме да им се спротивставиме на заканите коишто ги загрозуваат мирот и стабилноста.

Сиљановска-Давкова ја истакна посветеноста и стручноста на македонската армија, за која рече дека во време на глобални безбедносни закани е подготвена да дејствува рамо до рамо со сојузниците, во одбрана на слободата, достоинството и човековите права. Таа нагласи дека нашето членство во НАТО не е само политичка формалност, туку стратегиска определба.

Претседателката потенцираше дека со учеството на стотици македонски војници во најголемата воена вежба на овој полигон, државата уште еднаш потврди дека и покрај сите предизвици, стои цврсто на страната на мирот, безбедноста и заедништвото.

Во кусиот разговор со војниците, таа изрази задоволство од нивната професионалност демонстрирана на теренот и им се заблагодари на сојузниците за поддршката, помошта и за споделеното знаење.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Гејтс објави кому ќе го даде поголемиот дел од своето богатство
Следна Статија Челзи се откажува од 14 фудбалери, на нивните трансфери се потрошени 500 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Тошковски: Да создаваме, да градиме и да унапредуваме модерна, опремена, стручна и професионална, но секако и задоволна полиција

Ве повикувам,  при полагањето на свечената заклетва, секој од вас да прифати свој личен аманет, завет на чесност и професионалност…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Има буџет за 1.117 нови вработувања и 600 приватни специјализанти, конкурсите од стартот на новата година

Обезбедивме буџет за 1.117 нови вработувања и 600 приватни специјализанти, а со почетокот на новата година ќе се објават конкурсите,…

December 30, 2024
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Партнерството со Обединетото Кралство е уникатно, договорите носат голема додадена вредност за Македонија

Додадената вредност на двата договори со Обединетото Кралство е политичка. Тоа е силен политички сигнал, затоа што финансирање на проекти…

June 6, 2025
МАКЕДОНИЈА

Германија ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ, вели Вадефул

Тука во Скопје перспективите на идното пристапување во ЕУ се голема тема. Германија ја поддржува Македонија на овој пат, којшто…

November 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?