Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова на средбата со Карен Пирс: Потребни се креативни решенија и гаранции за македонската евроинтеграција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова на средбата со Карен Пирс: Потребни се креативни решенија и гаранции за македонската евроинтеграција
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова на средбата со Карен Пирс: Потребни се креативни решенија и гаранции за македонската евроинтеграција

Објавено May 15, 2025 08:18
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Карен Пирс, специјална пратеничка на Обединетото Кралство за Западен Балкан, чија посета ја оцени како јасен показател за британската заинтересираност и посветеност на Западен Балкан.

Според неа, оценувањето на напредокот треба да биде меритократско, со фокус на исполнувањето на копенхагенските критериуми. Таа укажа на деструктивноста на билатерализацијата на преговарачкиот процес под закана со вето.

Информираше за заситеноста и заморот на македонските граѓани од бројните преседани, блокади и двојни стандарди. За неа, спротивно на европските темелни вредности и принципи е негирањето на националниот и културниот идентитет, како и непочитувањето на дигнитетот и интегритетот на македонските граѓани.

Можно надминување на блокадата, претседателката гледа во креативно толкување на Преговарачката рамка и надлежноста на Мешовитата комисија за историски и образовани прашања.

Специјалната пратеничка Карен Пирс изрази разбирање за потребата од надминување на македонската евроинтеграциска блокада.

Соговорничките ја оценија британско-македонската соработка како успешна, изразувајќи подготвеност за нејзино продлабочување и проширување.

Обете од претстојниот Самит на Берлинскиот процес во Лондон очекуваат важни придобивки за регионот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Го нема Путин, не доаѓа ни Трамп: Само Зеленски ќе присуствува на преговорите во Истанбул
Следна Статија Болоња го совлада Милан и по 51 година го освои пехарот во Купот на Италија (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Анкета: Позитивен одзив кај граѓаните за проектот со Велика Британија

Македонските граѓани го поддржуваат потпишувањето на Македонија на стратешкото партнерството и кредитот од Велика Британија кој ќе се користи за…

July 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски и Клековски на средба со преставници на компанијата Рош

Попладнево заедно со директорот на ФЗО Сашо Клековски остваривме состанок со преставници на компанијата Рош. Рош фармација е една од…

November 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Две третини од граѓаните не веруваат во фер судење

Дури 62,6 отсто од граѓаните во земјава сметаат дека не можат да добијат фер судење, покажува најновата анкета на Детектор.…

February 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

99 години од смртта на македонскиот деец Крсте Петков Мисирков

На 26 јули во 1926 година во Софија, починал Крсте Петков Мисирков, македонски национален деец, филолог, лингвист, историчар, фолклорист, етнограф,…

July 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?