Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Патот кон ЕУ е „маратон со пречки“, без основа во европското право

Објавено March 24, 2026 18:41
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оцени дека евроинтегративниот пат на Македонија не е само долг процес, туку „маратон со пречки, што нема основа во европското право“.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Загреб по средбата со хрватскиот колега Зоран Милановиќ, таа посочи дека е изненадена од најавите дека известителот Томас Вајц вторпат подготвува извештај и бара од правната служба на Советот толкување на Вториот протокол поврзан со договорот за добрососедство со Бугарија.

Сиљановска-Давкова нагласи дека во договорот од 2017 година нема ниеден збор за уставни измени потенцирајќи дека таквите прашања не може да се воведуваат преку протоколи договорени меѓу министри, без ратификација во парламент.

– Не може двајца министри за надворешни работи во улога на конзули да менуваат договор. Тоа е спротивно на правните принципи – истакна таа додавајќи дека не ѝ е јасно како вакви одредби станале дел од преговарачката рамка со ЕУ.

Таа истакна дека прашањата за малцинствата и јазичната политика не се регулирани на ниво на Европската Унија, туку се суверено право на државите, и оцени дека во случајот со Македонија има отстапување од овие принципи.

Претседателката додаде дека не е вината само европска и надворешна, не е само бирократска, туку е и наша.

– Тоа зависело и од македонски политичари, кои веројатно мислеле наивно дека со тоа ќе заврши тажната приказна на маратонот и ќе почне нова европска ера. Ама не е така – рече Сиљановска-Давкова.

Според неа, постои ризик преку протоколите да се отвораат нови прашања, кои не се поврзани со Копенхашките критериуми, туку претставуваат мешање во внатрешните работи на државата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Милановиќ: Патот на Македонија до членство во ЕУ предолго трае, но не по македонска вина
Следна Статија Македонските фудбалери пристигнаа во Копенхаген

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски: Со владиниот авион ќе се евакуираат македонски граѓани од Израел

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион ќе биде ангажиран во евакуацијата на неколку македонски граѓани во Израел. Секојдевно…

June 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Менди Ќура прогласи победа во Струга

По тесната трка во вториот круг, кандидатот Менди Ќура вечерва прогласи победа за градоначалник на Струга. Неговите поддржувачи веќе слават…

November 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

МАНУ: Секаде во светот постои само една национална академија

Претседателството на МАНУ укажува дека Академијата никогаш не се занимавала и нема да се занимава со дневнополитички расправи и партиски…

October 17, 2024
МАКЕДОНИЈА

Скопје 6-ти најзагаден град во светот

Скопје утрово на шестото место по загаденост на воздухот во светот со индекс на загадување од 155, според последните податоците…

November 19, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?