Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова: Пред осумдесет години, ОН се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова: Пред осумдесет години, ОН се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Пред осумдесет години, ОН се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни

Објавено September 20, 2025 12:13
Сподели
Сподели

Порака од претседателката Сиљановска-Давкова по повод 80. годишнината од основањето на ООН:

„Екселенции,

Дами и господа,

Пред осумдесет години, Обединетите Нации се издигнаа од урнатините на Втората светска војна за да спречат идни војни, да го прекинат колонијализмот, да ги почитуваат човековите права, да ја унапредат правдата и меѓународното право. Нивната Повелба ја зацврсти суверената еднаквост на државите. Нејзините агенции се стремеа да создадат подобар свет, градејќи мир не само меѓу народите, туку и со природата.

Осумдесет години подоцна, многу од овие достигнувања, за жал, се поткопани. Мултилатералниот систем заснован на правила сега е распукан од тежината на растечката мултиполарност. Поради тоа што се сѐ повеќе парализирани кога е најпотребно, Обединетите нации опасно се приближуваат до „моментот на Лигата на народите“, до стариот светски поредок во кој силните прават што можат, а слабите трпат што мораат. Македонските граѓани искусија некои од овие двојни стандарди уште од првиот ден на нашето членство во ОН во 1993 година.

Сепак, веруваме дека малите земји треба да бидат најголемите поддржувачи на ефективниот мултилатерализам со реформирани и силни ОН во центарот. Го усвоивме Пактот за иднината како обновен глобален општествен договор, бидејќи сите страни споделуваат одговорност не само во почитување на своите права, туку и имаат и должност да се грижат за системот.

Оваа 80. годишнина е повик за будење за да ја потврдиме нашата посветеност на Повелбата на ОН и нејзиниот меѓународен поредок заснован на правила. Од нас зависи дали ОН ќе се справат со предизвиците и ќе продолжат да градат иднина на мир, правда и напредок на здрава планета.

Среќен роденден, Обединети Нации!“

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче: Се потврди труењето во Трубарево, барам истрага и оставки од надлежните министри
Следна Статија Бошко Ѓуровски се онесвести зад говорницата на комеморацијата на Дејан Миловановиќ (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Известувачот Вајц ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на земјава пред Комитетот за надворешни работи на ЕП

Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц, денеска пред Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) ќе го…

February 26, 2026
МАКЕДОНИЈА

Попов: Имаме стратегија и проекти кои нудат просперитет на младите во државата

Почитувани министри, пратеници, градоначалници, добредојдеовте на оваа 33-та годишна конференција на најмоќниот политички подмладок во Македонија, УМС на ВМРО-ДПМНЕ, рече…

October 6, 2024
МАКЕДОНИЈА

Златен медал за Македонија на Балканската олимпијада по информатика во Италија

Уште едно извонредно претставување на македонските средношколци – информатичари, како продолжение на уште една успешна година за Македонија на олимпијадите…

October 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски со силна порака за Кичево и кичевчани: Победи соживотот и вербата во вредности

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва испрати силна порака за победата во Кичево. -Падна Фатмир Дехари. Падна од…

November 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?