Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска Давкова: Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска Давкова: Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите

Објавено May 23, 2026 12:09
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова во честитката по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите истакна дека треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите и еднаков во уживањето на индивидуалните и колективни права.

-Почитувани сограѓани Власи, Вие припаѓате на древната духовна лоза на балкански народи, чие историско опстојување не е врзано за моќ и граници, туку за јазикот, меморијата и свеста за посебниот влашки идентитет – нагласи претседателката.

Таа истакна дека во влашкиот јазик, традиција и култура се вткаени вековната истрајност, силното чувство на припадност и духовното достоинство, пренесувани низ генерациите како печат на еден народ што умеел и успеал да си го сочува националниот интегритет и дигнитет во тешки времиња на војни, страдања и преселби.

-Треба да сме горди како единствената држава во којашто Власите се уставен етнички ентитет, рамноправен со другите и еднаков во уживањето на индивидуалните и колективни права. Има ли поголема потврда за демократската зрелост на македонскиот политички систем, како и за инклузивноста на македонското општество кон сите заедници? Со својот сестран општествен придонес, Власите оставија и продолжуваат да оставаат небришливи траги на секое поле! Нека е честит 23 Мај, Националниот ден на Власите! Вечен да е! – се наведува во четитката на претседателката Сиљановска Давкова.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Унгарија го забрани увозот на земјоделски производи од Украина
Следна Статија Добри вести за љубителите на кафе: Паднаа цените на светските берзи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Трајков: Народот честопати бил изневерен, нема простор за нови разочарувања

Сметам дека Македонија е повеќе од подготвена за почеток на преговорите, особено ако се спореди со ситуациите на земјите од…

November 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

Микрочипирање кучиња: Агенција за храна и ветеринарство потсетува на обврската

Микрочипирањето на домашните кучиња е законска обврска за сопствениците, потсети денеска АХВ, апелирајќи милениците да се идентификуваат со микрочип и…

February 19, 2026
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски на пуштање во употреба на делницата Дреново – Фариш до Прилеп

Обраќање на премиерот Мицкоски на пуштање во употреба на делницата Дреново – Фариш до Прилеп

June 30, 2025
МАКЕДОНИЈА

Адем Чучуљ највисоко оценет кандидат за раководење со ДКСК

Комисијата за селекција на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) што ја формираше собраниската Комисија…

November 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?