Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова ја доби првата копија од Привилегијата од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки

Објавено November 5, 2025 19:07
Сподели
Сподели

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими професорот Георги Гоце Дуртаноски, кој ѝ ја врачи првата копија од Привилегијата дадена на Македонците од Светиот римски цар Леополд Први Хабзбуршки во 1690 година во Виена.

Авторот на овој уникатен документ во калиграфски препис, проф. Дуртановски говореше за неговата важност за потврда на посебноста на македонскиот идентитет.

Кабинет на претседател

Со него, царот Леополд го прифатил барањето за заштита на Македонците од турското ропство, барајќи од нив да се приклучат во борбата против заедничкиот непријател.

Дуртаноски посочи дека оригиналниот записник бил пронајден во Воениот архив во Виена, а потем реконструиран во Центарот за ракописни студии при европската христијанска академија, со којшто раководи.

Заблагодарувајќи се за копијата, Сиљановска-Давкова изрази почит кон неговата успешна работа во Летонија, кадешто предава христијанска палеографија, како и кон ангажманот ширум Европа. Во Привилегијата, таа препознава документ од особено значење за македонскиот народ и неговиот идентитет.

„Документот го потврдува она што повеќепати е докажано, но добро е да имаме уште еден аргумент, соочени со обидите за негово оспорување“, додаде претседателката.

Обајцата веруваат во важноста и ефикасноста на културната дипломатија, особено за малите држави.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Филипче најавува и поширок опозициски фронт – наскоро нови имиња во врвот на СДСМ
Следна Статија Цеца си обезбеди место во бугарската историја

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Министерство за животна средина: Пластичниот отпад во Вардар е резултат на слаби комунални услуги и диви депонии

Министерството за животна средина и просторно планирање соопшти дека големите количини пластичен и друг амбалажен отпад во реката Вардар и…

October 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

– Од нас нема да слушнете едно пред камера, а друго зад затворени врати. Тоа е суштината на довербата –…

August 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Вонредни инспекции на Детска клиника и во Козле ја бараат вината за смртта на 14-месечното дете

Државниот санитарен и здравствен инспекторат и стручна комисија формирана од министерот за здравство од утрово прават увид во Универзитетската клиника…

October 7, 2024
МАКЕДОНИЈА

Муцунски на состанок на шефовите на дипломатиите на земјите од САД – Јадранската Повелба (А5)

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцуснски, денеска во Њујорк учествуваше на состанокот на шефовите на дипломатиите на…

September 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?