Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скопјанец со моторцикл удрил во 10 годишно девојче на пешачки
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Скопјанец со моторцикл удрил во 10 годишно девојче на пешачки
ХРОНИКА

Скопјанец со моторцикл удрил во 10 годишно девојче на пешачки

Објавено April 26, 2025 18:26
Сподели
Сподели

Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот по член 300 став 1 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 33-годишен скопјанец, на 25 април, како учесник во сообраќајот на јавните патишта не се придржувал кон прописите и со тоа го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност телото на луѓето.

По десната сообраќајна лента од улицата ”Џон Кенеди” управувал моторцикл „Пиаџо Беверли ” со скопски регистарски ознаки и тоа без заштитен шлем и без да поседува возачка дозвола од “A” категорија за тој вид на моторцикл.

Кога дошол пред влезот на основното училиште “Васил Главинов”, на обележан пешачки премин не обрнал внимание на пешаците кои започнале да чекорат и кои имал обврска да ги пропуштил.

Со предниот десен дел од моторциклот удрил во телото на оштетеното 10-годишно девојче кое го поминувало коловозот на пешачкиот премин. Од ударот девојчето се здобило со тешка телесна повреда – скршеница.

Јавниот обвинител со цел обезбедување на осомничениот во текот на постапката предложи да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во Судот и привремено одземање на патна исправа за преминување на државната граница односно забрана за нејзино издавање. Судот го прифати предлогот и ги определи мерките.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Oткако и одзедоа бодови Воска се повлече од Првата лига
Следна Статија Пике раскина со девојката со која ја изневеруваше Шакира

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Познат идентитетот на починатата жена пронајдена во езерце во Струмица

Синоќа во 01:45 часот било пријавено дека е пронајдена почината старица во езерцето во Градскиот парк во Струмица. Според полицијата,…

December 24, 2025
ХРОНИКА

Пронајдена исчезнатата Билјана од Прилеп – жива е, потврди нејзината сестра

Триесет и четири годишната Билјана Ј.А. од Прилеп, за која вчера беше пријавено дека е исчезната, е пронајдена и е…

July 24, 2025
ХРОНИКА

Извршена обдукција на 15-ина лица кои настрадаа во дискотеката во Кочани

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска соопшти дека досега е извршена обдукција на околу 15 лица кои настрадаа во…

March 17, 2025
ХРОНИКА

17-годишник добил струен удар додека снимал ТикТок врз цистерна во Кисела Вода – вагонот се запалил

17-годишник попладнево доживеал струен удар додека бил качен на цистерна вагон во скопска Кисела Вода. Од МВР велат дека по…

January 16, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?