Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: СКОПЈАНИ ОСТАНУВААТ БЕЗ ПРЕВОЗ? Нафта има само за денес, утре автобуси на ЈСП можеби ќе нема
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > СКОПЈАНИ ОСТАНУВААТ БЕЗ ПРЕВОЗ? Нафта има само за денес, утре автобуси на ЈСП можеби ќе нема
МАКЕДОНИЈА

СКОПЈАНИ ОСТАНУВААТ БЕЗ ПРЕВОЗ? Нафта има само за денес, утре автобуси на ЈСП можеби ќе нема

Објавено September 23, 2025 09:24
Сподели
Сподели

Градскиот превоз во Скопје виси на конец, бидејќи иако вчера биле обезбедени околу 20 тони гориво за автобусите на ЈСП, тоа било доволно само за вчерашниот и денешниот ден. Од утре никој не гарантира дека возилата ќе излезат на улица.

Иако граѓаните утрово повторно беа сведоци на хаос во превозот, каде што сообраќаа само приватните автобуси, а не и оние на ЈСП, засега нема закажана итна седница на Советот на Град Скопје за решавање на проблемот.

– Засега нема повикано седница, ниту од страна на град Скопје, ниту од советниците. Дополнителна осакатеност е тоа што Советот, по преминувањето на Трајко Славески, нема претседател и секоја седница индивидуално се назначува. Засега седница нема закажано, особено не за точката за која ме прашувате – изјави независниот советник и поранешен заменик градоначалник Александар Трајановски за МИА.

Град Скопје вчера реагираше дека компанијата „Пуцко петрол“ ја прекинала испораката на нафта иако имала активен договор со ЈСП.

„Под силен политички притисок уценетиот Асмир Јахоски од ‘Пуцко петрол’ се приклучува на обидите за креирање хаос во Скопје. Иако има активен договор со ЈСП за испорака на нафта, тој ја прекина доставата“, стои во реакцијата од градските власти.

Од Град Скопје дополнително најавуваат покренување постапка за материјална и кривична одговорност кон „Пуцко петрол“ и сопственикот Јахоски, поради, како што велат, непочитување на договорот за снабдување со гориво и намерна блокада на јавниот превоз.

Во меѓувреме, скопјани се соочуваат со неизвесност, денес автобусите на ЈСП уште се движат, но утрешниот ден останува под голем знак прашалник.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кондарко: Нема значително зголемување на бројот на независни кандидатури за локалните избори и покрај кандидирањето со само два потписа
Следна Статија (Видео) Трамп ги поврзува парацетамолот, вакцините и аутизмот; Научници: Митови и опасни лаги

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Претставена Националната стратегија за соработка со дијаспората

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска го претстави предлог-текстот на новата „Национална стратегија за соработка со…

November 26, 2025
МАКЕДОНИЈА

Секој четврти македонски граѓанин не верува дека ќе се случи членство во ЕУ

Четвртина од граѓаните на Македонија (25 отсто) сметаат дека земјата никогаш нема да стане членка на Европската Унија, покажуваат резултатите…

December 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Работиме на решение, но преговори за идентитетски прашања не доаѓаат предвид

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за МРТ од ЕУ Самитот посветен на земјите од Западен Балкан во однос…

December 19, 2024
МАКЕДОНИЈА

Штипјанка пронајде делови од човечко тело, претпоставува дека се на нејзината мајка

Вчера во 08.12 часот во СВР Штип, 55-годишната Б.К. од Штип пријавила дека на место викано „Суитлак“ во Штип пронашла…

October 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?