Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Скопјанката Светлана Мојсов, професорка на Универзитетот Рокфелер во САД, е лауреат на Светската награда на хуманизмот за 2025 година
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Скопјанката Светлана Мојсов, професорка на Универзитетот Рокфелер во САД, е лауреат на Светската награда на хуманизмот за 2025 година
МАКЕДОНИЈА

Скопјанката Светлана Мојсов, професорка на Универзитетот Рокфелер во САД, е лауреат на Светската награда на хуманизмот за 2025 година

Објавено July 17, 2025 17:24
Сподели
Сподели

Светлана Мојсов, професор на Универзитетот Рокфелер во САД, е годинешниот дубитник на Светската награда на хуманизмот, со која Охридската академија на хуманизмот го слави името на Свети Климент на сите светски меридијани.

Мојсов наградата ја добива за нејзиниот придонес во современата медицинска наука, особено за нејзините структурални биохемиски откритија и ендокринолошки достигнувања во развивањето на ефективни лекарства за справување со дијабетесот и дебелината, како и за ублажување на асоцијативни форми на патологии.

Светлана Мојсов, инаку родена скопјанка, е деветнаесетти добитник по ред на ова исклучително признание со кое што Охрид, градот на УНЕСКО, веќе ги овенча нобеловците Александр Солжењицин, Херта Милер, светските легенди Даисаку Икеда,Рави Шанкар, Питер Брук, Маноел Де Оливеира, Романо Проди, будејќи ги изворите на духовната меморија од првата средновековна школа на хуманизмот, основана од учениците на Св. Кирил и Методиј, заштитниците на Европа.

Во писмото по повод наградата испратено до претседателот на интернационалното жири, амбасадорот Јордан Плевнеш, лауреатката изразува огромно задоволство што е лауреат на тоа престижно признание,

За мене претставува голема чест што сум добитник на наградата на Охридската академија на хуманизмот. За мене оваа награда има и емотивен контекст, имајќи го предвид моето македонско потекло, а воедно што ќе се приклучам кон меѓународната плејада истакнати добитници од минатото, кои создадоа од оваа награда признание со кое се гледа со огромен респект насекаде во светот“, пишува таа.

Свечената церемонија на доделувањето на наградата ќе се одржи на 9 август, на празникот „Св. Климент Летен“, во 12 часот во Куќата на Уранија на МАНУ.

Истиот ден ќе биде посетена и локацијата каде што ќе биде поставено спомен-обележјето на светскиот хуманизам, на уметниците Светлин Русев од Бугарија и нашиот Жарко Башески.

Со тоа спомен обележје, на кое ќе бидат впишани имињата на сите досегашни добитници на Светската награда на хуманизмот, ќе се изврши и прогласување на древниот Охрид и неговата милениумска историја во европската меморија за Центар на светскиот хуманизам.

Наградата на добитникот Светлана Мојсов ќе и ја врачи Градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.

Настанот се организира во поддршка на Министерството за култура и туризам на Македонија и Општина Охрид.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија OJO поведе истрага за двајца соизвршители за убиството во Батинци, едниот е уапсен
Следна Статија ВНИМАТЕЛНО СО ПОЗНАНСТВАТА НА ИНТЕРНЕТ: Скопјанка остана и без пари и без ветениот брак

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје и ноќеска меѓу најзагадените градови во светот

Скопје ноќеска беше меѓу десетте најзагадени големи градови во светот според листата на IQAir. Во текот на вчерашниот ден, главниот…

November 10, 2024
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Монах на МПЦ ОА фрли анатема на вештачката интелегенција и ковид вакцините

Во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во селото Јанковец кај Ресен, богослужбата за Недела на Православието предизвика силни реакции меѓу…

March 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Продолжуваме да се бориме за нашиот идентитет, да го повратиме распродаденото од националните предавства на претходната Влада

Премиерот Христијан Мицкоски, по обвинувањата од опозицијата дека власта се откажала од идентитетот и јазикот, порача дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: На Бугарија и пречи македонскиот јазик во Акцискиот план за малцинства

Жалам што уште еднаш ја испуштија шансата дека се добри соседи, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски коментирајќи го тоа што…

January 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?