Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески: Да обезбедиме ниска и стабилна инфлација за поддршка на економијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески: Да обезбедиме ниска и стабилна инфлација за поддршка на економијата
ЕКОНОМИЈА

Славески: Да обезбедиме ниска и стабилна инфлација за поддршка на економијата

Објавено June 5, 2025 14:22
Сподели
Сподели

Фиксен девизен курс и ниска и стабилна инфлација во рамки на таа во еврозоната, заштита на интересите на граѓаните и стопанството, најавува новиот гувернер на Народната банка Трајко Славески во видеоинтервју за МИА, прво по назначувањето на функцијата.

Фиксниот девизен курс којшто добро и служеше на Република Македонија ќе остане и во наредниот период, да се надеваме на влез на Република Македонија во догледно време во Европската унија и подготовка за воведување на еврото со овој фиксен режим на девизен курс. Единствено што треба да се трудиме, што е и законска цел на НБРМ, во соработка со фискалната власт, односно Министерството за финансии, да обезбедиме ниска инфлација, односно стабилност на цените. Инфлацијата да биде во рамките на онаа во еврозоната, затоа што само така ќе одржуваме и конкурентност на нашата економија. Доколку како во изминатите неколку години имаме инфлација или стапка на инфлација двојно повисока од таа во еврозоната, тоа не е пожелна состојба. Мислам дека е императив, тоа, колку што имам информации е и цврста одлука, став на Владата, дека само ниска и стабилна инфлација која нуди предвидливост и за граѓаните и за бизнисот може да биде основа и поддршка на развојните политики во иднина кои ќе обезбедат стабилен посакуван раст на македонската економија и на среден и на долг рок – вели Славески за МИА.

Порачува граѓаните да бидат спокојни бидејќи, како што истакува, нивните заштеди се сигурни, а вели и дека Народната банка ќе обезбеди предвидливост за деловните субјекти за да можат да ги планираат своите операции и развојни планови.

Во интервјуто што МИА ќе го објави во целост денеска, со Славески разговаравме и за неговите очекувања за економскиот раст, обезбедувањето стабилност на банкарскиот сектор, како и заштита на интересите на граѓаните и бизнисот со пониски камати.

Ги коментира и реакциите во јавноста и обвинувањата дека неговото именување е политички мотивирано и ја споделува неговата визија за работата на централната банка во наредните седум години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Кузеска: Власта организирано ги штити виновниците за трагедијата во Кочани
Следна Статија Скопјанец со „мерцедес“ му го прегазил стапалото на полициски службеник

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Очекувам граѓаните кои не ги плаќаат своите обврски кон државата да бидат санкционирани и соодветно казнети

МВР, УЈП и Финансиската полиција се должни да го заштитат колективниот интересот на граѓаните и оние кои се обидуваат на…

June 10, 2025
ЕКОНОМИЈА

Прада ја комплетира куповината на долгогодишниот ривал Версаче за 1,4 милијарди долари

Прада и Версаче го најавија овој потег во април.

December 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

ТИРЗ: Нова потенцијална инвестиција на италијанска компанија во ТИРЗ Штип

Директорот на ТИРЗ Гоце Димовски денеска оствари средба со Марио Де Роза, прв секретар, заменик шеф на мисија на италијанската…

March 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

ДПИ: Има зголемувања на цените во малопродажба

Директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски денеска на прес-конференција во Владата информираше дека има одредено зголемување на цените во…

June 28, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?