Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии
ЕКОНОМИЈА

Славески: Забележлива тенденција на намалување на банкарските провизии

Објавено December 27, 2025 17:25
Сподели
Сподели

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески, преку објава на Твитер информираше дека кај големите банки е направен значаен прв чекор во насока на намалување на банкарските провизии.

-Големите банки не само што ги намалија провизиите во висина на намалените давачки, туку дополнително ги намалија и за 15, 20, па дури и 30 проценти, откажувајќи се од дел од сопствената заработувачка. Постои јасна тенденција на намалување на провизиите, истакна гувернерот Славески.

Воедно, тој најави дека наскоро се очекува донесување на измените на Законот за платежни услуги, со кои значително ќе се прошират функциите на основната платежна сметка, во интерес на граѓаните.

Со законските измени, како што велат од Народната банка, ќе се овозможи дозволено пречекорување на основната платежна сметка, нејзино користење и од лица кои веќе имаат други сметки, проширување на пакетот бесплатни услуги во интерниот и меѓубанкарскиот платен промет, како и до четири бесплатни подигнувања готовина месечно од банкомати на други банки.

Дополнително, Народната банка предложи и приспособен пакет за микро трговците, со цел поттикнување на финансиската вклученост и натамошна дигитализација на плаќањата

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Бугари го преплавија Ниш
Следна Статија Манчестер Сити со голема победа до првото место во Премиер лигата

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Раст на реализацијата на капиталните инвестиции во првите два месеца од 2026 година

Висок 179,7% раст на реализација на капитални инвестиции е остварен во првите два месеца од оваа година. Согласно податоците за…

March 2, 2026
ЕКОНОМИЈА

Вработените од „Паркови и зеленило“ на протест, бараат исплата на плата за август

Вработените од јавното претпријатие „Паркови и зеленило-Скопје“, како и од неговите фирми „Флораком“ и „Луна“ денеска организираа протест пред претпријатието…

September 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски се сретна со унгарскиот министер за национална економија: Регионалните проекти во инфраструктурата и транспортот се заеднички приоритет за двете држави

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во рамки на посетата на Унгарија, денеска оствари средба со министерот за национална…

August 21, 2025
ЕКОНОМИЈА

Во јули скоро се било поскапо: Инфлацијата достигна 4,8 отсто

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули, на годишно ниво пораснала за 4,8 %, а индексот на…

August 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?