Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески: Инфлацијата е стабилизирана, а девизните резерви се на сигурно ниво
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески: Инфлацијата е стабилизирана, а девизните резерви се на сигурно ниво
ЕКОНОМИЈА

Славески: Инфлацијата е стабилизирана, а девизните резерви се на сигурно ниво

Објавено December 23, 2025 11:56
Сподели
Сподели

„Инфлацијата во земјава е стабилизирана и инфлациските очекувања се закотвени, додека девизните резерви се на високо ниво и обезбедуваат силна гаранција за стабилноста на девизниот курс“, порача гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, во гостување во емисијата „24 анализа“.

Гувернерот истакна дека трендовите кај инфлацијата во изминатите месеци укажуваат на јасна стабилизација, при што во два наврата е забележано и месечно намалување на цените од 0,2 отсто. „Во последните четири месеци не само што инфлацијата е стабилизирана туку имаме и месеци на нејзино намалување. Од особена важност е што се стабилизирани инфлациските очекувања на домаќинствата и на фирмите, односно нема очекувања за постојан раст на цените и сметам дека тоа е постигнато“, нагласи Славески.

Според проекциите на Народната банка, како и на Владата и другите финансиски институции, се очекува дека инфлацијата ќе се движи во распон од 2,5 до 3 проценти.
„Нашата цел е во среден рок, односно во период од две до три години, инфлацијата да се сведе на 2 процента, што одговара на историскиот просек на движењето на инфлацијата кај нас“, истакна гувернерот.

Тој потсети дека од февруари наваму Народната банка ја нема променето референтната каматна стапка на благајничките записи, но истовремено биле преземени и макропрудентни мерки.

„Таму каде што почувствувавме одредена прегреаност на кредитирањето на населението, пред сѐ кај станбената изградба, презедовме релативно благи, но видливи мерки. Тие придонесуваат за насочување на штедењето кон денарско наместо девизно, што веќе се забележува во билансите на банките, како и за заострување на условите за купување недвижности за инвестициски цели“, појасни Славески.

Во однос на девизните резерви, гувернерот нагласи дека тие се на исклучително стабилно и сигурно ниво. „Девизните резерви се повисоки за околу 50 проценти во однос на 2019 година и изнесуваат околу 4,9 милијарди евра. Тоа е сосема комотно ниво коешто гарантира стабилност на девизниот курс и обезбедува простор за интервенции, доколку се укаже потреба“, изјави Славески.

Тој потсети дека за време на пандемијата, Народната банка интервенирала и дел од резервите биле искористени, но во наредните години тие биле целосно надоместени.

„Доколку се земе предвид дека девизните резерви треба да обезбедат покриеност на увозот од најмалку четири месеци, таа кај нас во моментов изнесува 4,6 месеци, што е над сите меѓународни стандарди“, заклучи гувернерот на Народната банка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пиратска група ја скенира музичката библиотека на Spotify
Следна Статија Јапонски службеник предупредува за нагло слабеење на јенот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Надворешниот долг на Македонија во третиот квартал е 4, 4 милијарди евра

Објавено е редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција. На крајот на…

December 30, 2024
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи Славески за нов гувернер

Предлогот ќе ја добие поддршката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање околу…

May 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Азиските акции се подготвуваат да пораснат по намалувањето на каматните стапки од Федералните резерви

Растот на акциите поттикнат од намалувањето на каматните стапки и оптимистичкиот поглед на претседателот на Федералните резерви Џером Пауел беше…

December 12, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Ќе ставиме крај на уцените кои ги прават градежниците, од следната година ќе се развива проектот „Купи куќа за млади“

Министерот за транспорт Александар Николоски денес беше во работна посета на општина Битола. Тој присуствуваше на поставување на камен темелник…

November 7, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?