Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески: Напори за инфлација под три проценти, охрабрувачки сигнали од Владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески: Напори за инфлација под три проценти, охрабрувачки сигнали од Владата
ЕКОНОМИЈА

Славески: Напори за инфлација под три проценти, охрабрувачки сигнали од Владата

Објавено August 26, 2025 12:45
Сподели
Сподели

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески уверува дека се преземаат мерки за намалување на инфлацијата на ниво под три проценти, во која насока гледа охрабрувачки сигнали од страна на Владата.

Навистина сакаме да се симнеме на инфлација под 3 проценти. Тука има охрабрувачки сигнали од страна на Владата, помалку популизам од аспект на пристисоците за раст на платите. Најверојатно до крајот на годината ќе има напори, мерки, да се вклопи буџетот во рамки на она што е придвидено, буџетскиот дефицит од аспект на трошењето. Тоа е фискалниот аспект. А сето она што го правиме со дополнителни макропрудентни мерки како што ги нарекуваме, претпазливоста од аспект на основната каматна стапка на благајничките записи која што од јануари не ја имаме променето, сето тоа е во насока на некој начин на намалување на инфлацијата на едно прифатливо ниво. Тоа прифатливо ниво е кога нема да ги тангира луѓето. Ќе има блага ползечка инфлација секогаш да речеме од околу два проценти, којашто нема да ја перципираме и нема да влијае на нашите одлуки и очекувањата, изјави Славески, по денешната средба со директорот на Агенцијата за катастар на недвижности.

Славески потврди дека системот на државава во рамки на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) ќе стане оперативен во текот на декември.

Беше објавено дека од октомври и официјално влегуваме во СЕПА, ќе ни требаат заради подготовката на системот уште два месеца и до крајот на годината во текот на декември системот ќе стане оперативен, рече Славески.

Во однос на пад на берзите во европоските земји посочи дека нема причина за пренос на нашите пазари, а за поголема сигурност за инвеститорите ја истакна важноста од поврзувањето на пазарите на капитал во регионот, за што вчера во Загреб беше потпишан Меморандум за разбирање во врска со соработката во еволуцијата на пазарите на капитал во Централна и Југоисточна Европа.

Секогаш кога има намалување на каматните стапки кај водечките економии тоа по правило значи намалување на вредоста на нивната валута затоа што пониски каматни стапки значат помал интерес за инвестирање во нивните средства, така што не гледам тука некоја причина за пренос на нашите пазари. Нашиот пазар на хартии од вредност, акциите, долгорочни хартии од вредност, е прилично ограничен. И со ова за што сега министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска е во Загреб конечно тоа што со години дури и децении се зборува за поврзување на пазарите на капитал на просторот во регионот може да значи поголема сигурност за инвеститорите, оцени гувернерот Славески.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Лефков: СДС преку Еразмус + ја финансирале и сопругата на Апасиев, пред камери противници, зад камери соработници
Следна Статија Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ја уништи куповната моќ, граѓаните се сѐ посиромашни

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Јапонците ќе јадат американски ориз за пониски царини на автомобилите

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба за намалување на царините за увоз на јапонски автомобили и други производи,…

September 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

150 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА: Втора инвестиција од белгиската „Авеста холдинг“ во Македонија во вредност од 26 милиони евра

Директорот на ТИРЗ, Гоце Димовски по повод официјализирање на новата инвестиција во вредност од 26 милиони евра на белгиската Авеста…

July 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Netflix купува Warner Bros. Discovery за 83 милијарди долари во историска медиумска трансформација

Nasdaq расте; десетгодишната државна обврзница бележи најголем неделен скок од април

December 7, 2025
ЕКОНОМИЈА

Снемува работници ама без повисоки плати уште толку ќе нема – порачаа од ССМ и побараа зголемување

Снемува работна сила ама ако не се зголемат платите, уште толку ќе нема – порачаа денеска синдикатите. Работодавачите и Владата…

April 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?