Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески: Народната банка предлага четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, ќе се создава и национална мрежа на банкомати
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески: Народната банка предлага четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, ќе се создава и национална мрежа на банкомати
ЕКОНОМИЈА

Славески: Народната банка предлага четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, ќе се создава и национална мрежа на банкомати

Објавено August 11, 2025 09:19
Сподели
Сподели

Народната банка предлага граѓаните да добијат право на четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки, во износ до 2.000 денари по трансакција. Според гувернерот Трајко Славески, целта е да се обезбеди достапност до готовина за сите граѓани, без разлика на тоа во која банка имаат сметка. Мерката би требало да стапи во сила на почетокот на 2026 година.

Готовината и понатаму ќе ја користи мнозинството граѓани, иако во помал обем. Препорачливо е дома да се има готовина за основните потреби за период од барем неколку дена до недела, наведе гувернерот на социјалната мрежа X, додавајќи дека приврзаниците на кешот ја истакнуваат неговата анонимност и слобода, што, според него, е став кој треба да се почитува.

Истовремено, Славески истакна дека постои нерамномерна покриеност со банкомати низ земјата, поради што ќе се иницира создавање на национална мрежа на банкомати. Таа мрежа ќе се потпира на постојната инфраструктура на банките, со план за надградба и оптимизација во интерес на граѓаните и самите банки.

Според плановите, националната мрежа на банкомати треба да заживее до крајот на 2026 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Петмина новинари на Ал Џезира убиени во израелски напад во Газа (ВИДЕО)
Следна Статија Јаневски: Бившото СЈО се уште владее во Македонија, додека не ја погреба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски најави нова милионска инвестиција со повеќе од 200 вработени

Нова инвестиција од неколку десетици милиони евра и над 200 вработени, најави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Како што изјави, стартот…

May 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ворен Бафет отсекогаш следел неколку принципи при создавањето на богатството вредно 133 милијарди долари

Кога станува збор за мудро финансирање, финансискиот свет секогаш се потпира на еден човек - Ворен Бафет (95). Што го…

September 4, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски по средбата со директорката на ЕБРД: Остануваме посветени за развој и раст на Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски, кој заедно со владина делегација учествува на Самитот за Западен Балкан во Лондон, денеска се сретна со…

October 22, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Интензивно се работи на проектот за експресниот пат за спојување на Коридорот 10 со коридорот Струма во Бугарија

По повод „Денот на Заштитниците на Струмица” министерот за транспорт, Александар Николоски денеска е во посета на Општинa Струмица. Вицепремиерот…

December 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?