Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески на Конференеција во Женева: Монетарната политика e претпазлива согласно предизвиците
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески на Конференеција во Женева: Монетарната политика e претпазлива согласно предизвиците
ЕКОНОМИЈА

Славески на Конференеција во Женева: Монетарната политика e претпазлива согласно предизвиците

Објавено September 22, 2025 14:42
Сподели
Сподели

„Монетарната политика и во иднина ќе биде претпазлива согласно предизвиците од неизвесностa поврзана со домашното и надворешното окружување. Народната банка и натаму проактивно ќе ги следи состојбите и ќе биде подготвена да ги искористи сите расположливи инструменти и да преземе соодветни мерки за одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото и за обезбедување на ценовната стабилност“. Ова го истакна гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кој учествува на панел-дискусија на 13-тата годишна конференција во организација на Институтот за меѓународни и развојни студии во Женева, на којашто присуствуваат и вицегувернерката Ана Митреска и главната економистка Анета Крстевска.

Гувернерот Славески посочи дека во изминатите години светот се соочи со неколку последователни кризи, а македонската економија како мала транзициска економија, се соочи со повеќе шокови со кои успешно се справи задржувајќи ја макроекономската стабилност како резултат на институционалниот капацитет на централната банка.

„И во претстојниот период, особено важни ќе бидат широкиот монетарен инструментариум и силната координација со другите макроекономски политики заради натамошно закотвување на инфлациските очекувања и за обезбедување одржлив економски раст“, нагласи гувернерот Славески.

Тој додаде дека, и покрај очекувањата за постепено намалување на инфлацијата, и натаму има бројни ризици поврзани со динамиката на цените на услугите, при што ја посочи координацијата помеѓу монетарната и фискалната политика како најважна во сегашниот економски контекст.

Потпирајќи се на стекнатото искуство од екстерните шокови во минатото, Народната банка е подготвена да се справи со евентуалните непредвидливи предизвици за монетарната и за финансиската стабилност и во иднина. При ова, најважно е одржувањето на независноста на централната банка и кредибилноста на нејзините политики, како и одржувањето солидно ниво на девизните резерви заради заштита на стабилноста на девизниот курс на националната валута.

„Структурните предизвици, како што се процесите на деглобализација, непредвидливите трговски тензии, демографските промени, како и технолошкиот напредок со посебен акцент на вештачката интелигенција, и натаму ќе влијаат врз потенцијалниот економски раст и инфлацијата. За да се приспособиме кон овие околности, потребен е проактивен пристап и структурни реформи коишто ќе обезбедат отпорност на економијата и ќе придонесат за ублажување на инфлациските притисоци на подолг рок“, заклучи гувернерот Славески, нагласувајќи дека централните банки внимателно ги следат случувањата во светот и се подготвени навремено да реагираат.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вреди: Селотејп коалицијата Таравари-Села-Ахмети е најголемата политичка измама
Следна Статија Божиновска: Рударството мора да биде двигател на развојот – поддршка само за одговорни компании

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Екс директорот на АЕК, Орданоски, ќе биде координатор за дигитализација во Мепсо

Поранешниот директор на АЕК Роберт Орданоски, на ЛинкедИн објави дека започнува да работи на нова позиција како Координатор за дигитализација…

October 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Во делот на инвестициите Македонија е водечка во регионот, со двоцифрен број проценти раст

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски е задоволен од искористеноста на средствата издвоени од унгарскиот кредит наменети за поддршка на домашните…

January 16, 2026
ЕКОНОМИЈА

Од полноќ нови намалени цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) излезе со најновите цени на горивата кои ќе почнат од важат од полноќ 06-ти мај.…

May 5, 2025
ЕКОНОМИЈА

Прва жена машиновозач почна да работи во МЖ Транспорт

Зорица Божинова, првата жена со лиценца за машиновозач во Р. Македонија🇲🇰 од денес и официјално вработена во МЖ Транспорт Нека…

June 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?