Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески: Санкциите за руската нафта нема да ги влошат нашите прогнози за инфлацијата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески: Санкциите за руската нафта нема да ги влошат нашите прогнози за инфлацијата
ЕКОНОМИЈА

Славески: Санкциите за руската нафта нема да ги влошат нашите прогнози за инфлацијата

Објавено October 29, 2025 08:39
Сподели
Сподели

ММФ очекува дека просечната инфлација за годинава ќе биде 4 проценти, мислам дека ќе биде 0,1 или 0,2 процентни поени под тоа.

По американските санкции за руската нафта и гас, нивните цени забележаа скок, а ова предизвика стравување дали треба да се очекуваат нови повисоки цени на сите други продукти и подгревање на инфлацијата. Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески смета дека „ценовни потреси настануваат секогаш кога станува збор за санкции за руската нафта, но дека потоа ситуацијата се стабилизира“.

Има други производители што може да ја надополнат понудата на нафтата. Така, не очекувам во наредните месеци некоја поголема инфлација. Очекуваме да се остварат проекциите на Народната банка, очекуваме задржување на тренд на намалување на инфлација и до крајот на годината инфлацијата да биде пониска од 4 проценти. ММФ очекува дека просечната инфлација за годинава ќе биде 4 проценти, мислам дека ќе биде 0,1 или 0,2 процентни поени под тоа. Добро е да видиме тројка, тоа психолошки ќе влијае. Таргет е наредната година инфлацијата да се симне на 3-3,5 проценти – изјави Славески, одговарајќи на новинарско прашање во паузта на конференцијата за плаќања.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нори го елиминира Алкараз од Мастерсот во Париз
Следна Статија (Видео) Мексикански нарко-картели го нападнаа ранчот на Ел Чапо со дронови

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Нередовното читање на струјомерите оди на штета на граѓаните, а ЕВН профитира

Здружението на инженери на Македонија, поднесе претставка до Регулаторната комисија за енергетика, со барање за измена на правилата за снабдување…

March 14, 2025
ЕКОНОМИЈА

Ристески: Картелското однесување ќе се казнува со казни повисоки за 10 пати од сегашните

Картелското однесување ќе се казнува со казни повисоки за 10 пати од сегашните. За таа цел се подготвуваат и законски…

December 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Германците ќе можат да работат и по пензионирањето за 2.000 евра месечно

Германската влада одобри нацрт-закон со кој се поттикнува работа по пензионирањето, што би им овозможило на оние пто ќе одлучат…

October 18, 2025
ЕКОНОМИЈА

Намален прометот во индустријата во јануари

Прометот во индустријата, вкупно, е намален за 9,4 проценти во јануари годинава на годишно ниво, а на месечно за 13,9…

March 18, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?