Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Славески: Трите големи банки соопштија дека ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Славески: Трите големи банки соопштија дека ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите
ЕКОНОМИЈА

Славески: Трите големи банки соопштија дека ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите

Објавено August 7, 2025 13:27
Сподели
Сподели

Иницијативата на Народната банка за намалување на надоместоците за користење на платежните услуги почна да ги дава првите резултати. На почетокот на овој месец, трите големи банки и една средна банка соопштија дека ги намалуваат надоместоците за граѓаните и компаниите, соопшти гувернерот Трајко Славески.

Како што рече денеска на прес-конференција, ова се очекува и од другите средни и од помалите банки.

Според Славески, намалувањата се особено значајни за извршување на плаќањата на клиентите преку интерните системи на банките, како и преку платните системи каде плаќањата се извршуваат меѓу банките во реално време во текот на денот.

-Банките се повеќе почнуваат да ги нудат бесплатно плаќањата што се иницирани преку електронското и мобилното банкарство и се извршуваат во нивните интерни системи. Забележуваме надолна корекција на висината на надоместоците кај една од банките и кај повлекувањето готовина на шалтерите на банката, како и кај останатите услуги поврзани со плаќања во готовина, преписи на документација и издавање потврди, истакна гувернерот.

Тој најави дека Народната банка ќе покрене иницијатива за измени на законското решение за платежната сметка со основни функции, со кои ќе се овозможи нејзино помасовно користење од страна на граѓаните за извршување на плаќањата кај сите банки.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Намалување на училишниот прибор од најмалку 10 и 15 проценти во трговија на големо и мало и продолжување на кризната состојба од 30 дена
Следна Статија Четворица обвинети признаа вина во случајот „Штекли“ – за обвинетиот Раде Трајковски се бара соочување на психијатриски вештачења

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра

Највисоката цена за станбен квадрат во првиот квартал од годинава е постигната во општина Кисела Вода, каде стан од 45…

May 12, 2026
ЕКОНОМИЈА

(ВИДЕО)Димитриеска Кочоска: Нашите иселеници се враќаат од странство, големи европски земји ќе банкротираат

„Јас сега колку што се сеќавам, во изминатиот период во Владата претседателот имаше средби со наши иселеници кои што се…

April 30, 2026

Владата го намалува финансиското оптоварување на Southwest Airlines

Министерството за транспорт ја одложува парична казна од 11 милиони долари, нудејќи поддршка за авиокомпанијата

December 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Германија стана рекордер по затворени компании

Во 2025 година, Германија стана светски шампион по бројот на големи банкроти на компании со промет од над 50 милиони…

February 7, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?