Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Словенија ќе ги признава македонските возачки дозволи без практичен испит
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Словенија ќе ги признава македонските возачки дозволи без практичен испит
БАЛКАН

Словенија ќе ги признава македонските возачки дозволи без практичен испит

Објавено November 26, 2025 13:15
Сподели
Сподели

Словенија усвои измени на Законот за возачи, со кои на сопствениците на возачки дозволи издадени во Македонија им се овозможува замена на документот без полагање на практичниот дел од испитот, под услов да имаат регулиран престој во Словенија.

Оваа одлука, донесена вчера, претставува значително олеснување за македонските граѓани кои живеат и работат во Словенија, а исто така важи и за сопствениците на возачки дозволи од Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора и Косово.

Според новите правила, возачите од Македонија ќе можат да ги заменат своите дозволи во рок од една година од датумот на пријавување престој во Словенија. Тие нема да мора да го полагаат практичниот дел од возачкиот испит, но сепак ќе треба да достават доказ за ментална и физичка способност за возење (здравствено уверение).

Сандра Газинковски од партијата Слобода, која беше претставник на предлагачите на законот, објасни дека целта не е воведување привилегии, туку отстранување на неоправдани административни пречки.

Тоа е административна пречка која ги забавува процедурите за вработување и им создава непотребни трошоци, чекање и дополнителни тестови на луѓето, изјави Газинковски, потенцирајќи дека мерката ќе го олесни животот на странските работници.

Сепак, опозицијата се спротивстави на овој закон, наведувајќи дека промената може да влијае на безбедноста во сообраќајот

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски тврди дека немало напад врз ексновинарот Владимир Перев
Следна Статија Жителка на Липково измамена за 165.000 денари за наводно вработување во Швајцарија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Не е веќе на интензивна: Нови информации за здравствената состојба на Ивица Дачиќ

Министерот за внатрешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија (СПС) Ивица Дачиќ е префрлен од интензивната нега во…

March 6, 2026
БАЛКАН

Хрватска донесе закон против дивеењето на цените: Казни до 30.000 евра

Хрватскиот Сабор денеска го донесе Законот за вонредни мерки за контрола на цените, кој со објавување на цените на интернет…

February 21, 2025
БАЛКАН

Вучиќ: Наскоро референдум или избори

Српскиот претседател Александар Вучиќ доцна синоќа изјави дека државата Србија ќе ги издржи сите надворешни удари, а нејзините граѓани наскоро…

January 19, 2025
СПОРТ

Македонските одбојкари по максимална победа против Грузија – влезот е слободен

Македонската одбојкарска репрезентација в недела во СЦ „Борис Трајковски“ ќе го игра клучниот натпревар за пласман на Европското првенство 2026.…

August 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?